Невремето низ алпите ги преполни центрите со снег

Ако изминатите години до овој период или поточно до декември месец пристигнуваа вести за топло време и мали количини на снег. Оваа сезона алпските ски центри посебно оние лоцирани околу француските алпи, Швајцарија и северо-западните делови на Италија мака мачат да ги откопаат и да ги стават во нормална функција своите ски центри.

Во некои ски центри снежната покривка изнесува скоро 3 метри, така француските центри, Val d’Isere има 280 см снег и Tignes 285 см, во Австрија, Obertauern 220 см, Solden 268 см, топ фрирајд дестинацијата  Engelberg во Швајцарија има 495 см снег. Изминативе денови низ алпите, само во период од 24 часа има наврнато нови 60 см снег, а алертната фаза за лавини во голем број на ски центри е ставена на највисоко ниво, забрана за скијање.

фото сторија: Италија , ски центар Bardonecchia 180 см снег, 10.01.2018

BardonecchiaSki

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки