Nomad – специјализирана продавница за велосипеди и ски опрема

nomad shop 327

Од минатава недела Скопје е побогато со уште една спортска продавница, беше отворена Nomad, специјализирана продавница за велосипеди од врвни светски брендови, најсовремена велосипедска опрема и професионален сервис.

Специјализираната продавница “Nomad” e лоцирана на ул.,,Св.Кирил и Методиј”, во заградата на поранешна Аутомакедонија, наспроти старата Железничка станица.

Nomad е прв hi-tech продажен центар каде што можат да се најдат велосипеди, велосипедска опрема и тротинети од врвни светски брендови како што се Ghost, Haibike, Winora, Micro, Thule, Kreidler, Alpina, Axa, SKS и многу други. Покрај велосипеди и велосипедска опрема, во Номад наскоро ќе може да се најдат и скии и скијачка опрема, сноуборди и сноуборд опрема.

По принципот „сè на едно место“, Nomad вклучува и професионален сервис, со искусен тим, подготвен да одговори на сите технички барања.

Nomad пред продавницата адаптираше мини патека за пробно возење на велосипеди и тротинети, на која заинтересираните можат веднаш да се уверат во квалитетот и перформансите на производот што сакаат да го купат.

nomad shop 326

Nomad е надополнување на Scout Оutdoor Shop, продавница за спортска и рекреативна опрема со богат избор на брендови за планинарење, алпинизам, кампување, опрема за спортови на вода и слично, а која наскоро ќе биде отворена на нова дополнителна локација близу Nomad.  За прв пат во земјава и регионот Nomad поставува стандарди во велосипедизмот, со визија за иднина со повисока свест за практикување вакви активности и унапредување и развој на инфраструктурата.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки