Новогодишна ски патрола – Кораб

IMG_5745

Играјќи наоколу со Кораб за последниот ден од годината, некако ни беше најдобар начин да се збогуваме со 2017та, уживајќи во падините на нашата ветена планина, семоќниот Кораб. Навлеговме во територијата на Кораб рано наутро, следејќи го патот пред нас покриен со снег тотално и се препуштивме на оваа снежна чудесна територија. Температурата во пониските зони беше -4°C, додека искачувавме во горните зони почна да не притиска силен ветар (40-45 km/h) север-североисток со windchill  од -18°C со постојана виулица, иако тоа го немаше низ официјалните метео станици на интернет. Интересна ски патрола која сакавме да ја “спукаме” за крај на сезоната. И секако , типично за 2017-та на повлекување се соочивме со предизвикот да менуваме дупната гума на нашиот офроудер во длабок снег и целиот багаж што го имавме во него!

Поздрав од планината и Среќна Нова 2018!!

Останете на безбедно!

IMG_5746 IMG_5760 IMG_5763 IMG_5782 IMG_5784

За Dimitar Popov

Ski alpinist, rock climber and mountain guide. I dedicate my life to climbing and pushing my own limits as well as spreading the climbing vision. Owner and Manager at Ski Hut Gorica - Mavrovo Founder, President &Head Instructor at СКК Вардар- Скопје Former Founder & Head Instructor at ClimbingSchool.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки