Од оваа сезона новина за инстаграмџиите

Од оваа сезона во Ски Центарот во Маврово, како новина се постави дрвен натпис на кој пишува “МАВРОВО”, за кој Мавровци се надеваат и очекуваат дека ќе биде овогодинешна атракција за инстаграмџиите кои сакаат својата посета на ски терените и планинските убавини да ја обележат со убава фотографија. Буквите се наоѓаат близу  горната станица, двосед жичарата над Трифкова колиба, поставен на локација со панорамски поглед кон езерото и убавите планински предели. Први кои го посетија ова место, беа агенциите од Косово и Албанија кои беа дојдени на информативен FAM TOUR каде се запознаа со можностите кои ги нуди Ски Центарот како и хотелите кои нудат сместувања за оваа ски сезона.

Доколку сте зависни од правење на добри фотографии, ова место е перфектно за ВАС!

20171214_221729_mavrovo ski centar

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки