Патеките на Попова Шапка едни од неколкуте со врвен ранг

PopovaSapka Ceripasina (10)

Можеби малкумина се свесни дека поседуваме ретко природно богатство сместено во северо-западниот дел на државата, богатство наречено Шар Планина. Кога пишуваме “малкумина се свесни” мислиме за скијачките патеки изградени од самата природа. Шар Планина е една од ретките високи планини кои нудат речиси готово ски патеки, неверојатно голем потенцијал, каде буквално немате потреба ни тревка да скинете за да имате терени за скијање. Зоната на Церипашина и Јелак е незаменлива природна зона која се протега на висина од 1600 – 2500 м, простор поволен за секаков тип на скијање од врвните сегменти во алпското скијање, па се до фрирајд односно слободното скијање на не процесиран снег.

Во прилог и коментар на Жарко Трпкоски, Ски клуб Љуботен, Тетово, долгогодишен професионален познавач на работите во светот на скијањето.

“Шарпланинскиот масив е најпотенцијален за алпско скијање, а Попова Шапка – Јелак е најдобриот Ски центар (не по инфраструктура) по физичките и други параметри како што се погодни валовити тревни падини, извонредни панорами, богати со снег од Ноември до Април според направените студии на AKAU Geneve 1968 “СТУДИЈА ЗА РАЗВОЈ И ПРОБЛЕМИТЕ НА ЗИМСКИОТ ТУРИЗАМ ВО ЈУГОСЛАВИЈА“ по нарачка на OECD, и Студијата “РАЗВОЈ НА СКИ ЦЕНТАРОТ ПОПОВА ШАПКА ЈЕЛАК“, AKAU 1974, финансирана од Општина Тетово.

Не случајно првиот меѓународен скијачки натпревар на Балканот, ШАРПЛАНИНСКИОТ СМУК, 1947, е определено да биде на Попова Шапка, ски центар со најдобри патеки. Од 1947 do 1956, ШАРПЛАНИНСКИОТ СМУК се возел на патеката ЦЕРИПАШИНА, со старт на врвот Церипашина на 2525 мнв во неколку варијанти, лево и десно од Баубинова стена, и понатаму кон целта на истекот на Попова Шапка на 1700 до 1710 мнв, некогаш преку патеката за Слалом Мал Јелак, или долот помеѓу Скокалницата и Мал јелак, а некогаш преку долот помеѓу Мал Јелак и падините на патеките за Велеслалом и Слалом, ОРЛОВА И ЕЗЕРИНО. Висинската разлика на патеката ЦЕРИПАШИНА е од 815 до 825 м, зависно од варијантата и должина преку 3000 м.

Патеките ЈЕЛАК 1, ЈЕЛАК 2 и ЈЕЛАК 3, се од рангот на неколкуте DH патеки за Спуст, како Strief – KUCBUHEL -AUT, Laubernhorn – WENGEN – SUI, и уште неколку други, кои можат да се избројат на прстите од една или најповеќе две раце.”

Popova Sapka

PopovaSapka Ceripasina (8)

За skimacedonia

Еден коментар

  1. Студиите на кои се повикува господинот се направени пред повеќе од 45 години!! Во меѓувреме метеоролошките услуви се многу променети, за жал на полошо, па така и бројот на снежни денови на Шапка е значително намален. Ако на тоа се надополни тоталната незаинтересираност на државата и приватните субјекти за инвестирање во Центарот (сместувачки капацитети, вештачки снег, нови ски патеки…) се доаѓа до болната вистина дека Попова Шапка била и ќе остане неискористен потенцијал и за жал, ништо повеќе од центар за еднодневна рекреација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки