Победници на ЕХО 2017

На последниот ден од ЕХО – Фестивалот на планински филм  беа прогласени победниците во неколкуте конкурси во рамките на фестивалот.

Како и секоја претходна, фестивалот имаше отворено конкурси за најдобра фотографија и кратко видео, а беа доделени и признанија за најдобар краткометражен и долгометражен филм од официјалната селекција на фестивалот.

Кај фотогарфиите, жири комисија составена од три члена, Дарко Андоновски, Димитар Петровски и  Алесио Ликори ги избраа следните три најдобри фотографии од вкупно 10-те финалисти и повеќе од стотина апликанти.

Прво место – Karadzica Peaks Автор: Доријан Миловановиќ22519900_Dorijan Milovanovik Karadzica Peaks

Второ место – At 6 AM/Во 6 часот наутро Автор: Елена Маркова22498861_ At 6AM elena markova pelister

Трето место – Into the darkness Автор: Марјан Темовски

22550107_Into the darkness majran temovski

Во делот на видео продукцијата, комисијата во состав Проф.Др.Ферид Мухиќ, Влатко Галевски и Ендру Гудспид,  ги одбра најдоброто кратко видео од конкурсот на аматерски видеа, како и најдобрите краткометражни и долгометражни филмови.

Најдобро кратко видео – „Очи” – Александар Панајотов  инспиративната и длабоко емиционална сторија која се обработува во видеото насловено како „Очи” на Александар Панајотов.

Приказна за 25 необични пријатели од Израел, секој од нив со желба многу посилна од телото. Третина од нив беа слепи и рака под рака со останатите се искачија на врвови над 2.000м низ трите наши национални паркови. Изминати повеќе од 50км по Македонските планини во 3 последователни дена по сонце и дожд ги искачија Меденица (2.163м), Магаро (2.255м) и Пелистер (2.601м). “Само на Пелистер искачивме 1.300м висинска разлика и пешачевме 12 часа. Гледаш и не им веруваш на своите очи, а си сведок дека овие луѓе не гледаа, а веруваа!”

Специјална одлика – HIKE & FLY Горан Кузмановски

Најдобар краткометражен филм Being Hear на Palmer Morse и Matthew Mikkelsen

Гранд При наградата за најдобар долгометражен филм ја доби DIRTBAG: THE LEGEND OF FRED BECKEY на режисерот DAVE O’LESKE.  

Специјално признание доби авантуристичкиот ски филм In Gora  на Andy COLLET со кој беше затворен ЕХО 2017.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки