#ПочниСоВодно еколошка акција

Вести

Недела на екологија на планинарскит клуб I Love Hiking. Дојдете и помогнете да го исчистиме врвот на Водно. На оваа помош први се приклучија и младата екипа на “За почиста Македонија”, додека сите останати со нетрпение Ве очекуваме. За да се одолжиме на нашето Водно кое ни беше домаќин сите настани оваа година на #ПочниСоВодно, решивме овој пат да го “светнеме” врвот околу крстот, околу видиковците, низ шумичката на врвот се до бункерите. За сите кои ќе сакате да се дружите ќе обезбедиме сендвич и вода од нашите поддржувачи. Ќе обезбедиме ракавици и кеси за сите. Ваше е само да дојдете и да помогнете да “светнеме” по “дома”. Тренингот во четврток е со нас, останува уште 30 мин да си почистиме и сликаме!

Програма:

17:00 часот на средно Водно – (кој не е во можност да пешачи а сака да помогне ќе биде транспортиран до врвот со возило, клубот располага со три дозволи за еколошката акција).
п.с. Паркингот на средно Водно во четврток е бесплатен.
17:45 часот делење на тимови
18:00 часот старт на акцијата
19:00 часот прибирање кај планинарскиот дом Даре Џамбаз, делење сендвичи и вода.
Дружба
19:30 часот спуштање кон средно Водно.

ЕВЕНТОТ ќе се одвива по посебен ПРОТОКОЛ за запазување на мерките за КОВИД 19
– Сите мерки искажани од министерството за здравство се на сила!
НАПОМЕНА: – Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици

Претходен написи
Конкурс „Најдобра планинска фотографија“ на ЕХО 2020
Следен напис
Alexis Pinturault по неизвесна сезона и справување со вирусот се спрема на снежните патеки