Празнично на алпите Божиќ во Франција – Les 2 Alpes January 2018

22255003_les 2 alpes nehar travel

Следи го настанот

Јануарско скијање на вториот најстар ски центар во Европа после Шамони, а воедно и еден од највисоките со глечерот на висина од 3600м. (тука се скија и во лето). Град со околу 2000 жители со голем број на ресторани и барови. Градот е сместен на 1650м надморска височина.
Les 2 Alpes е познат и по најтешката црна стаза во Европа (Grand Colouire) а познат е по перфектно средените долги и широки стази за сите типови на скијачи, а нуди и одлични услови за скијање надвор од ски стазите off piste за љубителите на free ride. Стазите се главно плави со понекоја црвена, широки и одлични за вежбање и усовршување на техники.
Les 2 Alpes е омилен меѓу многу скијачи особено на младата популација поради својот ноќен живот и најдобри Apres-ski-party. Забавата почнува во 15h во Pano Bar на скијалиштето па од 17h се сели во самиот град, а завршува во дискотеката Avalanche до раните утрински часови…

Напомената: во рамките на аранжманот на располагање и бесплатни часови по сноуборд за сите оние кои меркаат таков стил на забава.

Програма:
05. Јануари – петок. Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 09:00 часот. Поаѓање за Les 2 Alpes во 09:30 часот.
Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
06. Јануари – сабота. Пристигнување во Les 2 Alpes во попладневните часови и сместување во апартманите.
07-12. Јануари – Шест дневно скијање во Les 2 Alpes и факултативно можност за посета на ски центарот Alpe d’ Huez (нема доплата за ski pass)
13. Јануари – сабота. Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO непосредно пред Милано.
14. Јануари – недела. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

SUPER FIRST MINUTE ЦЕНА ПО ОСОБА:

Сместување во населбата Multi – Residences 1650
– Сместување во 6 креветни апартмани + превоз + 6 дневен SKI PASS – 299€
– Сместување во 5 креветни апартмани + превоз + 6 дневен SKI PASS – 309€

800_Les2Alpes-skimacedonia

Сместувањето е во одбраните апартмани а горе наведената цена е по особа доколку апартманот е исполнет во целост т.е. да во него се сместени онолку особи колку што има кревети. Во случај помалку особи да се сместени во апартмани се доплаќа за празно легло.

– Доплата за сместување на 2 особи во 5-креветено студио е 100€
– Доплата за сместување на 3 особи во 5-креветено студио е 40€
– Доплата за сместување на 4 особи во 5-креветено студио е 15€
– Доплата за сместување на 5 особи во 6-креветен апартман е 15€
– Доплата за сместување на 4 особи во 6-креветено студио е 40€

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

– Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – LES 2 ALPES – Скопје
– Пратител на групата
– основни часови за сноуборд секој ден со инструктор
– 7 дневно сместување во апартмани во Multi – residences 1650
– 6 дневен Ski pass за ски центар Les 2 Alpes (вклучено и два дена скијање во Alpe d’ Huez)

Во цената НЕ Е вклучено:
– Патничко осигурување. Секој патник треба сам да извади патничко осигурување со задолжителен додаток кој вклучува ски ризик (повреди од зимски спортови).
– Туристичка такса. Се наплаќа на ден по лице според важечкиот ценовник, директно на рецепција, а непосредно пред превземањето на апартманите (не е повеќе од 1 евро на ден по лице – деца под 13 години не плаќаат туристичка такса)
Напомени:
– Постелнина и пешкири: Во цената не се вклучени пешкири и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 11-14€ постелнина и 7,5€ сет пешкири. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.

– Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува 300-600€ по студио/апартман. Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е готовинско или со резервирање на средства во висина на депозитот од девизна или кредитна картичка. Депозитот на крајот од сместувањето се враќа во целост, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети)

– Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како пред сместувањето. Апартманите нудат и служба за чистење, чија што услуга дополнително се плаќа на лице место (40-70€ во зависност од големината на апартманот).

информации на 070 265 667

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки