Придобивки од планинарењето

planini shara

Планинарењето и движењето во природа е здрава придобивка која делува благодетно на нашето тело и мисла.

Во кратки црти, придонесува за здраво слабеење и витка линија, подобрена кардиоваскуларна слика. Дебелината е глобален проблем во сите земји. Со зголемена тежина доаѓаат разни болести и аномалии. Преку активно планинарење овие проблеми се сведуваат на минимум.

Планинарењето влијае да го изгубите лошиот холестерол, подобрена крвна слика, понизок крвен притисок, релаксираност и сила на нервниот систем.

Зајакнување на телото, позитивно влијае на коските и на нивното зајакнување и преставува вежба за целото тело.

Позитивно влијае на самодовербата, упорноста и успехот да се искачи некој голем врв влијаат на вашата самодоверба. После тоа ќе се чувстувате силно, успешно и посреќни.

Планинарењето во групи го подобрува социјалниот момент, нови познанства, размена на информации и знаења. Директно и индиректно, се стекуваат вештини и искуства за природата, растенијата и дивиот свет кој ве опкружува.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки