Protect Our Winters влегува во партнерство со FIS и нивните програми за младите

106533_G08_W01 fis Protect Our Winters

Свеста за животната средина која не опкружува е прв чекор кон заштита на планетата и нејзините ресурси. Следниот чекор е обезбедување на практични мерки кои сите треба да ги применуваат во нивното секојдневно функционирање.

Изминатата декада е најтоплата евидентирана, a 2016 година како најтопла година до сега. Во меѓувреме, северната хемисфера од 1970 година па наваму изгуби милиони квадратни километри напластен снежен слој низ планинските региони, глечери и ски центри.  Снежната граница расте и е повисоко позиционирана од година во година, а зимите се се пократки и по благи.

Protect Our Winters Jeremy Jones
Protect Our Winters – Jeremy Jones

Во 2007 година, светски реномираниот професионален сноубордер Jeremy Jones увиде дека местата и ски центрите  кои ги имал во предвид и сметал на нив за добро возење се повеќе се затвораат за скијање заради недостаток од снег. Почувствувал потреба да делува, но не можел да најде многу организации кои биле посветени на тоа, па затоа ја основаше Protect Our Winters (POW).

world snow day fis 2018

Како организација Protect Our Winters (POW) брзо собра околу себе афирмирани индивидуи, спортисти, доброволци , ски центри и компании кои сакаат да бидат дел од придонесот кон подобрување на односот кон околината и животната средина. Движење чија цел е анимирање на политичката желба за конкретни ацкии за се поголемите проблеми кои го засегаат планетата, зимскиот спорт и туризам.

Претседателот на ФИС, Gian Franco Kasper изјави  ” Комбинирањето на пораките на организацијата Protect Our Winters (POW) со новите генерации на деца преку проектот “Донесете ги децата на снег ” е коректен начин за да се обезбеди влијание на долг рок за вистински промени и ова партнерство е возбудливо за сите инволвирани.

Директорот за развој во Protect Our Winters (POW),  Torrey Udall изјави ” Во  Protect Our Winters секогаш работиме за иднината на ски заедницата. Во партнерство со ФИС ние се порамнуваме кон заедничките цели да се популаризирааат зимските спортови кај младите, а паралелно и новите генерации да станат пријатели на природата.

Партнерството ќе вроди со бројни акции и настани кои ќе бидат имплементирани во рамките на Светскиот ден на снегот, SnowKidz каде дел од програмата ќе биде и екологијата и заштита на животната средина.

Повеќе информации на POW www.protectourwinters.org

Повеќе информации на World Snow Day  www.world-snow-day.com

Повеќе информации на SnowKidz  www.snowkidz.com

 

☀️ out, 🍑 out. We hope everyone is having a liberating weekend!

A post shared by Protect Our Winters (@protectourwinters) on

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки