Рапиден раст на продажбата на машини за снег

snowfactory-Techno Alpin (2)

Специјалните машини кои произведуваат снег кога надвор е плус доживуваат еден вид ренесанса во продажбата низ светот.

Овие машини постојат околу 20 години на пазарот во различни форми и најчесто беа користени за правење на снег на настани во урбани средини и надвор од ски сезоната. Функционираат независно од временските услови надвор, температура, ветар, водата со која се храни машината итн. Снегот се произведува во затворени контролирани услови и излегува надвор како готов производ, со зголемена компактност и отпорност на брзо топење.

Но, изминатава ски сезона низ северната хемисфера, како и на стартот на сезоната во јужната хемисфера, овие машини бележат зголемена побарувачка. Најмногу ги користат низ центрите во ниските зони, во зони каде снежните вренежи не се загарантирани, а секако и да се подготват центрите за навремен старт.

Вакви машини се идеални за обезбедување на снег на лимитиран простор, снежни паркови, ски натпревари. Овие машини беа користени во Хрватска при организирање на натпревари од Светскиот куп во Алпско скијање во Сљеме над Загреб.

Еден голем ски центар како што е  Pitztaler Gletscher , Austria веќе неколку години користи машини за снег кои и покрај глечерската подлога, придонесуваат тазе направен снег да е секогаш подобра опција,  а дополнително помагаат и во зачувување на еден од поголемите алпски глечери во исчезнување.

ски центарот Монинец во Чешка на големо изненадување на јавноста минатата сезона делумно отвори неколку патеки во период октомври-ноември.

Snowmaking Machines

snowfactory-Techno Alpin

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки