REEL ROCK 11 одложен

Долго очекуваниот настан REEL ROCK 11 за жал ќе биде одложен поради сериозни техничко административни причини (кои не се во наша надлежност). Датумот ќе биде дополнително одреден. Примете го нашето извинување.

reelrock11

Да се потсетиме

Основани во 2006 година од страна на Џош Ловел (Big UP Productions) и Питер Мортимер (Sender Films), REEL ROCК проекциите ги прикажуваат најдобрите филмови за алпинистичките авантури на публиката ширум светот и се духовни настани каде алпинистите, авантуристите и љубителите на природата се здружуваат за да ја прослават и искусат сржта на авантуристичкиот филм. Дел од забавата на REEL ROCК настаните секогаш се и различните презентации, доделување на награди, присуството на врвни алпинисти, кратки филмови и претставувања… чиј дел ќе го има и на овој настан, а локалната програма се состои од филмови и презентации за најголемите достигнувања на локалната качувачка сцена.

Единаесетата REEL ROCK филмска турнеја, традиционално започна на 15-ти септември во Болдер, Колорадо, оваа година за прв пат во облик на фестивал, а потоа продолжи во Сиетл, Сан Франциско, Њу Јорк и Вашингтон, од каде продолжија стандардните премиери насекаде низ светот, а ќе траат се до почетокот на 2017 година, прикажувајќи ги најдобрите филмови за алпинистичките авантури на публиката ширум светот. Оваа година со REEL ROCK 11, Скопје заедно со уште околу 500 градови низ светот, повторно ќе ја има несекојдневната можност да ја гледа премиерата на најновото издание на REEL ROCK и ќе добие уште една доза од најголемите аутдор и качувачки достигнувања, од најзначајните и најискусните качувачи како Ашима Шираиши, Каи Лајтнер, Мет Сегал, Вил Станхоуп, Берт Харингтон, Мајк Либецки, Шон Виланова Одрискол, Нико Фавресе…

Пред две години македонската публика за прв пат имаше можност да го проследи деветтото продолжение на REEL ROCК, кое го донесе најнаградуваниот аутдор документарен филм ‘Valley Uprising’ на американските филмаџии Питер Мортимер и Ник Росен, а потоа и јубилејното десетто издание на највозбудливата качувачка филмска турнеја REEL ROCК 10. Најновото издание со уште посилна локална програма и уште пет нови документарни филмови за најголемите случувања и достигнувања во глобалниот качувачки свет, ќе го направи REEL ROCK 11 вистинско место за посветените качувачи и љубителите на карпите и високите снежни планини. До тој момент, да се потсетиме на трејлерот на ова возбудливо патување во висините.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки