Репортажа од македонската екипа на трката Red Fox ELBRUS Skyrace 2017 / MKD Team

elbrus mkd aleksandar kirkovski makedon

Кратко видео од првото учество на македонски тим на трката “Ред Фокс Елбрус“ до највисокиот врв во Европа – Елбрус 5642 мнв. Видео кое деновиве имаше премиера на собирот во Младински Културен центар, во кино Фросина по повод “Светски ден на планината” во организација на Федерација на планинарските спортови.

Целиот тим во состав, Александар Кирковски, Кирил Филиповски, Дејан Тодевски и Марјан Бонев направи успешно аклиматизационо искачување на Елбрус 5642 мнв. На првата трка “Вертикален километар 2450-3450“ во конкуренција на 300 натпреварувачи се пласираа: М.Бонев (54м, 19 место), А.Кирковски (58м, 40 место), Д.Тодевски (1ч 02м, 63 место). На главната трка скајмаратон “Азау 2350 – Елбрус 5642 мнв“ со 13,5 км и 3300D+ пласманот беше: А.Кирковски (5ч 35м, 25-то место), М.Бонев (5ч 45м, 27-мо место), Д.Тодевски (до КТ Седло 5350 мнв – неуспешно фаќање на лимитот).

elbrus mkd aleksandar kirkovski makedon 1

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки