Same Difference | филм за скијачите

Same Difference A film about skiers

Излегуваат многу снежни филмови и многу животни приказни, но некако најмногу внимание ни привлекуваат резултатите, достигнувањата на врвните спортисти, упорноста да се стане совршен и да се качите на подиум. Имајќи ги во предвид луѓето со кои и за кои е снимен овој филм, од Same Difference, очекуваме барем некое достојно продолжение налик на Streif, документарен филм кој дел од македонската публика имаше навистина среќа да ужива во кино Фросина-МКЦ и да го гледа ексклузивно и премиерно.

Same Difference или Иста Разлика е документарен филм кој ја обработува брзината, вртењата, скоковите, стотинките, прецизноста, подемите и падовите, стресот и слободата. Веројатно после предобриот Streif -one hell of a ride, ова ќе биде продолжение на таа брутална приказна, но изработен од друга квалитетна и наградувана издавачка куќа Legs Of Steel која во придружба на големи ѕвезди како Феликс Нојројтер, Фабијан Ленч, Свен Куинли, Педи Грахам кои се дел од алпското скијање, фрирајд и фристајл скијањето ги снимаа своите страни од животот на скии.

Светската премиера е најавена за ноември 2017

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки