АСК Скади прокнижи победи и подиум на Little Fox трките во Словенија

26993575_ask skadi skopje jana atanasovska little fox cup slovenia

Не е само редовно да бидеш на подиум, туку и во каква конкуренција…

Пристигнуваат коментарите до нас, дека многу информации објавуваме за АСК Скади…..да, точно , објавуваме за сите кои остваруваат резултати, не сте исклучени сите вие да се појавите овде, да пишуваме и за вас (планина, точак, скии, борд итн) со еуфорија како што почнуваме да ги следиме резултатите на оние кои постојано со голем труд книжат резултати.  🙂

На големо натпреварување во Марибор, Словенија на трката Little FOX во конкуренција од 85 натпреварувачи, Јана Атанасовска го освои првото место со силни 1 секунда и 20 стотинки предност пред второпласираната конкурентка од Словенија.

Кај момчињата Борјан Стрезоски го освои второто место со заостанување од 0,69 стотинки пред првопласираниот. Кристијан Арсовски 21 место, Данило Илиев 21 место , Јаков Добрески 15 позиција во конкуренција на 75 натпреварувачи.

Во нескриена радост и задоволство тренерот на АСК Скади , Александар Атанасовски ги објави резултатите со пофалби кон младите натпреварувачи за трудот и успехот кои во континуитет го носат и придонесуваат за позитивен имиџ на нашата земја.

07378_jana atanasovska ask skadi skopje fox cup slovenia 26907378_jana atanasovska ask skadi skopje fox cup slovenia 26993411_ask skadi skopje jana atanasovska little fox cup slovenia

 

26994197_jakov dobrevski ask skadi little fox cup slovenia

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки