Крушево

Ски-центар „Станич

Ски-центар „Станич

Крушево е град во западниот дел на Република Македонија. Етно градот на некогашната Крушевска република. Tипично планинско гратче, кое има просечна надморска височина од 1350метри и се смета за највисок град на Балканскиот Полуостров. Во негова близина над градот се наоѓа познатиот споменик Македониум и спомен куќата на музичката легенда Тоше Проевски чие родно место е токму овој прекрасен град Крушево. Благодарение на неговата височина, Крушево е една од Македонските зимски дестинации, но секако освен тоа Крушево заради неговата богата историја, архитектура и прекрасна природа е посетуван во текот на целата година. Обиколено со масивите на Бушова планина, со неговите пријатни предели, Крушево нуди прекрасни услови за скиење од декември до почетокот на март. Скијачките терени се наоѓаат непосредно до самиот град на надморска височина од 1400 метри. Погодни се за скијачи професионалци како и за скијачи почетници.

зимски пејсаж, Крушево
зимски пејсаж, Крушево

Градот е поврзан со ски центарот и скијачките терени преку жичницата. Ски-клубовите организираат школи за почетници и изнајмуваат опрема. Посебно внимание се посветува на Нордиското скиење од каде произлегуваат и врвни спортисти. Исто така пешачењето по сјајните падини со снег е вистинска атракција за да се биде во снежно Крушево. Скијачките терени се наоѓаат на месноста Станич, која е опремена со ски-лифтови: Двосед жичница со капацитет 700 лица/час, скилифт сидро 700 лица/час; единечен скилифт капацитет 600 лица/час. Скијачките клубови од Крушево организираат школи за скијање за почетници, со изнајмување на комплетна скијачка опрема. Постојат и терени за скијачи професионалци, а тоа е патеката што се наоѓа под жичарницата и скијачките патеки за нордиско трчање.

Настани

Настани

Нема официјални закажани настани

Природни убавини

Природни убавини

Крушево градот историја прв пат се спомнува во историските извори од 1467 год. како мезра т.е. село во состав на имотот на Хусеин бег. Крушево, како развиена и организирана градска населба се формира во крајот на XVIII век и почетокот на XIX век. За формирањето на Крушево како градска населба, значајно е доселувањето на Власите во крајот на XVIII век и почетокот на XIX век. Власите, познати како успешни неимари, трговци, кираџии, занаетчии и печалбари, добро ја организирале својата работа во новата населба, а доселените Мијаци од реканскиот крај, надалеку познати и успешни градители, резбари, зографи и иконописци се вклопиле во процесот на економски и културен развој на населбата. Градот е познат и по Илинденско востание, за време на востанието градот Крушево е ослободен на 2 август 1903 година и тука е формирана Крушевската Република. Била избрана привремена влада од шест члена и народно собрание со 60 делегати. За жал, републиката постоела до 13 август. Утрото на 12 август градот бил нападнат од 15 000 турски аскер предводен од Бахтијар паша. Значајни битки за одбрана на Републиката се воделе на Мечкин Камен и кај Слива. Градот бил запален и ограбен. Економскиот подем влијаел позитивно и на урбаната заедница, така да во првата половина на XIX век, Крушево добива карактер на градска заедница. Поради слабата безбедност пред крајот на турското владеење, христијанското население од околните села, во текот на XIX век континуирано се доселувало во Крушево, зголемувајќи го и на тој начин бројот на населението во веќе формираниот град. Просечната јануарска температура изнесува -1,3°С, февруарската е – 0,5°С март 2,6°С април 7,1°С ноември 4,7°С и декември 0,4°С. Температурните инверзии, кои се честа појава во зимските месеци во ова подрачје, се една од причините за релативно високите температури во оваа сезона во Крушево и даваат посебно климатско обележје на овој локалитет од температурен аспект. Просечно годишно во Крушево се јавуваат 178 мразни дена. Врнежите во Крушево се доста нерамномерно распоредени преку годината повеќето паѓаат во ладниот дел од годината, со максимум во ноември и зимските месеци, а минимум во летните месеци.

Техничка опременост

Техничка опременост

krusevo teh

Ски центарот Станич, располага три патеки, два ски лифтови и една двосед жичница која носи од градот низ букова шума директно на терените. Патеките имаат нивоа лесна 350м, средна 400м и патека со напредно ниво во должина од 700м под двосед жичницата. Лифтовите се тип сидро 700 скијачи/час, единечен со капацитет од околу 600 скијачи/час и дополнително мал детски ски лифт 300 скијачи/час.

Ски центар Станич
Ски центар Станич

На ски патеките има и елементи за сноуборд парк. Центарот располага со 6 нови снежни топови Areco, изградено е ново вештачко езеро за поддршка на системот од снежни топови. Дополнително располага со две ратрак машини Pisten Bully300 и PB 130, нова моторна санка Yamaha 2013 и теретна Bombardier. Инсталирано е и осветлување за ноќно скијање под синиот лифт и стазата под жичницата. Во непосредна близина на самиот центар на терените, постои угостителски објект, ресторан кој нуди најразлични видови храна и пијалоци. Центарот располага со ски депо за изнајмување на скии како и ски школа.

Сместување

Сместување

4 коментари

  1. Крушево е одлично за почетници и за учење. Но треба да се погрижите малку за услугата генерално. Не може скијачки центар да нема корпи за ѓубре и насекаде да има купишта смет, навистина изгледа неубаво и некултурно. Треба да имате имате и WC-а, а не дивопоставени барови без водовод и wc.
    Ако веќе сакате повеќе туристи тој што го стопанисува нека се погрижи малку за скицентарот, навистина има потенцијал.

  2. Ski centarot vo Kruševo ne se vika Stanič nego se vika “SKI CENTAR SKAUT-KRUŠEVO” a mesnosta na koj se naogjaat stazite se vika “Stanič”.Se nadevam ke ja ispravite greskata!

    • Благодариме за информацијата, грешката ќе биде поправена, а е направена заради досегашната штурост од информации…
      Ако имате да дополните уште нешто во делот за Крушево ви стоиме на располагање, голем поздрав!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки