Ски центрите ги преувеличуваат должините на своите стази

Германскиот картограф Christophe Schrahe вршел мерење на дожините на ски патеките низ повеќе ски центри низ Европа и САД. Резултатите од истражувањето покажале дека сите официјални бројки кои ги прикажуваат центрите се прилично неточни. Во некои случаи ски центрите тврделе дека имаат дупло повеќе километри ски-патеки наспроти реалноста на терен.

Val-Thorens_pistemap_full

Ова истражување испровоцирало големи реакции во ски индустријата и сигурно ќе има далекусежни последици. Германецот инаку не одел да ги мери стазите со “метро и конец” туку применувајќи ги најновите дигитални сателитски технологии. Повлекувајќи мерна линија на средина на патеките земајќи го во предвид и нагибот на кој се наоѓа патеката.

Податоците до кои дошол, како што тврди Christophe Schrahе, покажуваат дека скицентрите во просек ја преувеличуваат должината на патеките за дури 34%.

Еден од најпопуларните ски центри во светот Трите долини во Франција (Les Trois Vallées), според тврдењата на германецот, имаат “само” 493 км патеки, а не 600 км колку што изнесува официјалниот податок. Val d’Isere од декларираните 300км има реални 232 км.

16422551_galicki belicki

Најголем “престапник” во случајов се швајцарските Четири долини (4 Vallées) во чии рамки се наоѓа и прочуениот Вербиер. Така, според неговото истражување овој ски центар има 164км, а официјалните податоци се дури 362 км што е неверојатни 120% повеќе

Списокот понатаму продолжува со Portes du Soleil кој наместо 402км има реални 262км ски патеки. Grand Massif во чиј состав е Flaine кој декларира 265 км, а има реални 172 км итн.

Интересен е податокот, според ова истражување австриските ски центри имаат прилично реални податоци и информации. Така, познатите Kitzbuhel, St Anton и Lech имаат скоро идентични податоци како и истражувањето на Christophe Schrahe.

Еден од најголемите австриски ски региони SkiWelt, ангажирале независна експертиза со цел како што изјавиле, сакаат да бидат сигурни дека податоците со кои тие располагаат се во целост точни.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки