Ски патрола – Караџица

Backcountry тура кон Караџица, преку Патишка река, 08.01.2018 год.

Појдовна точка ни беше, стандардната планинарска рута од селото Патишка Река кон бачилата према Остри Врв. Иако снег има постојано по патот нагоре, не беше во облик поволен за турно качување, па ни го забави движењето, а дополнително тежината на влажниот снег заради меките температури, скиите ни ги направи вистински тегови на нозе.

Тура повеќе како ски патрола и разгледување, заради очекуваната ситуација, недоволно снег и не баш поволен за скијање. Горе , далеку во позадина, забележавме интересни ски линии кон врвот Караџица, 2472 метри, кои со очекуваните нови снежни врнежи сигурно ќе понудат подобри ски услови. Иако ваквите тури без посериозна ски сатисфакција се понапорни (многу одење со опрема на рамо), секогаш се добра опција наспроти времето поминато во загадените урбани средини.

напомена: топлото време придонесува за зголемена лавинска опасност, при искачување секогаш постојат делници кои имаат многу снег и во вакви ситуации може да бидат нестабилен терен.

IMG_20180110_104021_mount karadzica ostri vrv milenkov kamen patishka reka (3) IMG_20180108_183233_mount karadzica ostri vrv milenkov kamen patishka reka IMG_20180110_104021_mount karadzica ostri vrv milenkov kamen patishka reka (2) IMG_20180108_165525_mount karadzica ostri vrv milenkov kamen patishka reka IMG_20180110_104021_mount karadzica ostri vrv milenkov kamen patishka reka

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки