Ски телемарк на највисокиот активен вулкан во Европа

image-0-02-05-7b36e27 Ilina Arsova Etna Sicilia

Tелемарк на највисокиот активен вуклан во Европа, Етна 3350м , Сицилиjа

Само десетина минути од кога стоевме на врвот на главниот кратер фасцинирани од потентноста на овој сеуште активен вулкан, Етна почна со посилна активност. Веќе скијавме една добра линија со чудна текстура на снег заситена со пепел и  вулкански песок. Правевме пауза на неколку стотини метри под врвот, на да речеме безбедно растојание, за да може внимателно, а сепак од добра перспектива да го набљудуваме вулканот со сите свои атрибути на моќ. Навистина исклучително е чувството, да се скија меѓу стврдната вулканаска лава која остава впечаток како да сме на друга планета,  да се  биде таму во вистинскинско време и среќа што не се најдовме на врвот во момент на самата ерупција.
Велат дека Етна е постојано активна, но не секогаш со татнеж и со голем чад и облак во чудни бои од светло сино, до портокалова и пурпурно виолетова. Југо – источниот кратер е оној кој е постојано активен, па затоа ние одлучивме да се движиме по северната страна. Вечерта паднаа некои десетина сантиметри нов снег што беше одлично за нашите планови за ски екскурзии во неколку насоки низ планината. Сепак утрото можевме да видиме дека на површината на новиот снег имаше песок и нови исфрлени лава камења што беше знак за постојаната вулканска активност.
Се заедно оваа неколку дневна авантура беше едно незаборавно искуство со над 3600 метри добиени во висина, секојдневно повлекување на нови линии,  кои  како резба во линолеумска плоча  остануваат бели во сивкастиот снег.

За Ilina Arsova

Profile photo of Ilina Arsova
Visual artist, pasionate climber, telemark skier and a big A Adventurist Participated in the Global Sports Mentoring Program hosted by US State Department, ESPNW and the University of Tennessee. In 2013 becomes the first female climber from Macedonia to summit Mount Everest. Main organizer of the Telemark ski events in Macedonia. Owner and Manager at IKAR Hut - Ohrid

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки