Ски туринг на Караџица

Додека ние онака утрински кукавме низ домот Караџица како било ладно, како и вечерта била студена, пристигнаа Симон Симоновски и Томица Котевски, турно екипа за кои низ разговор начувме уште претходната ноќ, дека има турно скијачи некаде во планинава и дека доаѓаат кон домот, но вечерта не пристигнаа……..утрината кога се сретнавме, направивме интересен разговор, дознавме и дека ноќта ја поминале во шумата, па ги замоливме да го споделат своето искуство, да ви го пренесеме овде.

 

Томица Котевски и Симон Симоновски – Турно тура Патишка Река – Дом Караџица

Планираната тура од селото Патишка Река до планинарскиот дом Караџица спаѓа во потешки турно тури. Вкупната должина на турата изнесува околу 20 км, и притоа треба да се совлада вкупен успон 1800- 1900 м надморка височина. Подолго време ја разгледував оваа тура, бидејќи претходно ја имам искачено турно Солунска Глава од Караџица, но од Патишка Река, до сега не сум имал турно тура на овој дел. Стартувавме сабајлето околу 8:30. Информацијата која ја имавме дека во селото има 50 цм снег не беше точна така да требаше да ги носиме скиите 500 висински метри до првиот снег од каде продолживме да се движиме со ски на нозетe. Врето беше идеално, ведро сончано со минимален ветер.PATISKA REKA - JURUKOVA KARPA - SASKOVICA - KARADZICA (13) Движењето до врвот Убава беше лесно но поспоро од планираното бидејќи Симо имаше проблеми со турно кондурите кои го убиваа. Ова му беше прва тура со овие кондури. Потоа следеше скијањето по гребенот над Салаковски езера и надолу према бачилата, Јурукова карпа и изворите на Кадина река. Скијањето беше прилично напорно бидејќи снегот имаше фатено замрзната корка, така да секој заокрет бараше вложувње на прилично енергија. Од изворите на Кадина река до домот Караџица решивме да не одиме по стандардната маркирана патека туку да се искачиме на врвот Шашковица лево од изворите и да се спуштиме по гребенот. Гребенот е широк и од далеку изгледаше многу убав за скијање, но кога дојдовме на врвот видовме дека нема доволно снег, така да се спуштивме со скиите на грб, при што изгубиме прилично време. Во меѓувмеме се стемни и продолживме да се движиме со челни ламби. Спуштањето према реката Алиагица од оваа страна е многу стрмно и прилично опасно и во денски услови , а во ноќни услови е уште поекстремно.

PATISKA REKA - JURUKOVA KARPA - SASKOVICA - KARADZICA (8)

Бидејќи се движевме веќе околу 10 часа и голем дел од патот скиите ги носевме на грб, веќе бевме прилично уморни и решивме да не одиме ноќе по овој, за движење тежок и опасен терен, туку да побараме некоја висорамнина каде ќе имаме услови да направиме бивак, преноќиме и сабајлето да го продолжиме движењето. Бидејќи не носевме никаква опрема за бивакување (подметач, вреќа за спиење, бивак вреќа), требаше да импровизираме и да се снајдеме со тоа што го имавме. Направивме колиба до една голема бука со две стебла. Конструкцијата на колибата ја направивме од подебели гранки што беа искршени и паднати во шумата, а на нив наредивме борови гранки со густи иглички кои ги исековме во непосредна близина. Долниот дел го подзидавме со снег и на едната страна направиме отвор за влегување. Скиите ги ставивме внатре со везовите свретни кон снеготи и врз нив ставивме дебел слој на борови гранчиња кои беа со густи иглички и така направиме изолација помеѓу нас и снегот. Собравме поголема количина букови гранки, ги искршивме и ги сортиравме по дебелина пред да го запалиме огинот и ги наредивме внатре во колибата. Огништето го направиме према влезот на колибата. Огинот го одржувавме цела ноќ. Симо се замота во алуминиумска фолија, а јас ги облеков навлачните панталони, и благодарение на огинот воопшто немаше потреба допонително да преземам било што друго. Така ја поминавме ноќта прилично удобно ( за условите ) , се одморивме , а падна и пивце. Сабајлето 6:30 станавме , појадовме лепче и сланина , ја собравме опремата и го продолживме патот , што во денски услови беше многу полесно и побезбедно. Во домот стасавме околу 10 часот, каде што имаше една поголема група на млади планинари. Остатокот од денот го поминавме на прекрасната тараса на домот Караџица во дружење и муабет со планинарите. Попладнето тргнавме преку селото Алдинци кон рибникот, каде што имаше организиран превоз за Скопје. По патот имаше минимално снег така да и тука ги носевме скиите на ранец.

PATISKA REKA - JURUKOVA KARPA - SASKOVICA - KARADZICA (5)

Оваа турно тура беше прилично несекојдневна, интересна и полна со нови искуства. Бидејќи при турно турите може од многу причини да се поремети планираниот тајминг (лоши временски и снежни услови, повреда, оштетување на опремата исл.), би додал уште неколку неопходни работи кои задочжително треба да се носат на вакви тури, и кои се од голема помош ако треба да се остане во планината, а не завземаат многу место и не се многу тешки. Освен лопатата и лавинската орема кои се нопходни, треба да се носи нож, нож со пила или пила, алуминиумска фолија, свеќа и 5 – 10 метри јаже ( 4 -6 мм ).

Текст: Томица Котевски


PATISKA REKA - JURUKOVA KARPA - SASKOVICA - KARADZICA

PATISKA REKA - JURUKOVA KARPA - SASKOVICA - KARADZICA1

PATISKA REKA - JURUKOVA KARPA - SASKOVICA - KARADZICA (7)

PATISKA REKA - JURUKOVA KARPA - SASKOVICA - KARADZICA (10)

PATISKA REKA - JURUKOVA KARPA - SASKOVICA - KARADZICA (4)

PATISKA REKA - JURUKOVA KARPA - SASKOVICA - KARADZICA (3)

PATISKA REKA - JURUKOVA KARPA - SASKOVICA - KARADZICA (2)

PATISKA REKA - JURUKOVA KARPA - SASKOVICA - KARADZICA (12)

PATISKA REKA - JURUKOVA KARPA - SASKOVICA - KARADZICA (9)

PATISKA REKA - JURUKOVA KARPA - SASKOVICA - KARADZICA (8)

PATISKA REKA - JURUKOVA KARPA - SASKOVICA - KARADZICA10

PATISKA REKA - JURUKOVA KARPA - SASKOVICA - KARADZICA (5)

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки