Ски туринг со брод низ Норвешките фјордови

Норвешките фјордови и острови ги нудат некои од најдобрите ски тјуринг операции, базирани на брод, во прилог една кратка…

Записи од Скандинавија

По долг но благороден ден ден во планините и чорба од бакало, (потекло од португалската кујна) со солена норвешка риба, компири, кромид, домати и маслинки, како и локален ручек со месо од ирваси, седевме на палубата, без кошули уживајќи во магија на сината топлината, без преседан за крајот на мај, во зоната над арктичкиот круг.

Janne Tjärnström, Klas Granström, Chad Sayers and Per Ås at Stjernøya in Norway.
Janne Tjärnström, Klas Granström, Chad Sayers и Per Ås во Stjernøya , Норвешка

Читаме, пишуваме, гледаме делфини и џиновски морски галеби, се врти мапа низ нашите испечени раце од сонцето, додека таргетираме нови ски линии на хоризонтот и пребројуваме водопади од врвот до дното, чии линии низ фјордот изгледаат како сребрени ленти внимателно вткаени во зелената таписерија.

View from M/S Goxheim, Finnmark, Norway.
Поглед од MS Goxheim, Finnmark , Норвешка

И покрај тоа што е само прв ден на бродот Gochsheim и повеќето од нас се ветерани на норвешкото скијање кои ги измериле повеќето делови на планинскиот брег, сите имавме иста мисла: ова е најдоброто патување досега.

Boat anchored in the fjord in Stjernøya, Norway.
Бродот вкотвен во фјорд во Stjernøya, Норвешка

Почнавме многу рано со измешаните бои од сонцето на хоризонтот кој се мешаше со црната песоклива плажа и шумолењето на испреплетените потоци кои се влеваа пасивно во фјордот. Спремајќи група и опрема на брегот, се договаравме да пешачиме најпрвин над деловите со трева, потоа низ стрмните ливади низ кал и снег, пред да навлеземе во деловите на сеприсутната џуџеста бреза која ги опколува падините како хавајска сукња.

Skipper Charles Wara makes breakfast for his guests on M/S Goxheim before another day of ski touring on Stjernøya, Norway.
Капетанот Charles Wara приготвува доручек за своите гости на MS Goxheim пред нов ден турно скијање низ Stjernøya

По неколку часа интензивно качување на сонце, се најдовме на еден надвиснат дел, со поглед на фјордот и усидрениот Gochsheim кој изгледаше како дрво кое плута, бесценет смарагден поглед на дланка.

Chad Sayers hiking on Stjernøya in Norway.
Chad Sayers искачување
Chad Sayers hiking the first bit from the fjord onark, Norway.
Chad Sayers пешачење низ првите угорници на фјордот, пладневната турно мисија, Stjernøya, Finmark, Норвешка.

Нашето прво спуштање започна низ плиток басен кој водеше кон стрмна падина. Дијамантска светлина излегуваше од парчињата снег, излупени од нашите скии како што скијавме надоле низ падината на совршен снег, минувајќи низ остатоци од стара лавина, спуштајќи се долго до базата, низ рид како грб од бел кит кој се витка во морето снег.

Janne Tjärnström and Chad Sayers skiing on Stjernøya, Norway.
Janne Tjärnström и Chad Sayers, фрирајд…
Chad Sayers skiing on Stjernøya in Norway.
Chad Sayers фрирајд низ Stjernøya

Водичот, инаку швеѓанин чија база е Ла Грејв на француските алпи, постави прашање, дали да се спуштаме директно до плажата или уште 20 минути качување кон непозната долина од другата страна на ридот, сите прифативме. Наградата беше минување преку замрзнато езеро, преминувајќи низ излез кој беше се уште препокриен со метри снег и стрмен гребен со природна неколку километарска долга долина еден вид полуцевска. А никој не очекуваше шок од такво просветлување, ниту пак дополнителната радост, сретнавме стадо ирваси низ долината.

Janne Tjärnström skiing on Stjernøya, Norway.
Janne Tjärnström, низ новите падини

Под тоа, утрински испреплетените потоци, станаа громогласни реки од топењето на снегот. Дел од нас преминуваа низ водата како оклопени витези, а дел ги соблековме ски чевлите и боси низ мовта, снегот и мочурливата подлога движевме скоро час до плажата.
Назад на бродот се зафативме со дружење, скок во ладната вода, пиење пиво и давење во секојдневната супа.

A map of Stjernøya, Finnmark, Norway. This island has no roads and are located on the 70th parallel in the north part of Norway.
Мапа од островот Stjernøya, Finnmark. Овој остров нема патишта и е лоциран на 70та паралела во северните делови на Норвешка
Per Ås diving into the water at Stjernøya, Norway.
Per Ås скок во ладните води низ фјордовите на Stjernøya

Го правевме сето тоа, секој следен ден, скоро цела недела, цело време на различно место, бродот го усидрувавме на различен фјорд, да пробаме нова планина, со мапата во раце пловевме наоколу и истражувавме, 7-8 часовни тури и едно 1000 метарско спуштање од некој безимен врв во совршени временски услови. Не можеше да биде подобро, скоро секоја тура подобар снег, подобар терен, подобро се…

Mountain guide Per Ås leads Janne Tjärnström, Klas Granström and Chad Sayers up to Oterfjellet (665 meters above sea level) during a late night ski tour on Stjernøya, Finnmark, Norway.
Планинскиот водич Per Ås ги води Janne Tjärnström, Klas Granström и Chad Sayers нагоре кон Oterfjellet (665 метри над морето) во текот на пладневната ски тура низ Stjernøya, Finnmark

Репортажа на Лесли Антони за RedBull Media

Sunset close to Øksfjord, Finnmark, Norway.
Зајдисонце над Øksfjord, Finnmark

Информација плус: Овие тури траат од февруари до крајот на мај, на почетокот на турите во февруари има најдобар снежен потенцијал, но се стемнува рано, а до мај условите може да варираат, но барем не се стемнува…Цените на вакви седумдневни тури, чинат најмалку 3000 долари + патот да се довлечкате дотаму. Од опрема ви се потребни, стандардна турно опрема, навлаки за скии, цепин, дерези, ски дерези, снегоходки.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки