Ски зона Манастириште – Бистра

17760996_manastirishte ski area bistra mavrovo

Манастириште е ски зоната лоцирана близу највисокиот врв на Бистра, Меденица 2163м.

До кулоарите на Манастириште се пристапува од патот кога одите кон село Галичник и е дел од телото на самиот врв Меденица.

Висината на таа рута се движи од 1728 – 2058 метри,  лавински опасна зона, а појдовната точка е на 1688 метри покрај самиот пат. До таму треба да одите турно околу 1,5 км генерално хоризонтален дел, а во зависност од линиите кои ќе ги изберете за качување, вкупно има околу 2,3 км. Интересна точка која го гледа во лице врвот и кулоарите под Меденица, како и добар преглед на околината и планините Крчин  и Кораб.

Манастириште е зона која држи снег дури до почетокот на месец мај, а во ударниот зимски период најлесен пристап имате преку Белички лифт од страна на ски центарот.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки