Снег низ ски регионите, условите за скијање подобрени

Снегот што паѓаше изминатава ноќ ги подобри ски условите на патеките во Маврово и на Попова Шапка, на терените има нови 10 см снег. Ладното време и снегот ќе продолжат да бидат присутни и следните денови, снег ќе паѓа со променлив интензитет во текот на целата наредна недела и се очекува да донесе повеќе од 30 см нова снежна покривка. Дневни температури на висина до 1800 метри, од 0°C до -3°C. Ветар со променлив интензитет, претежно слаб.

На ски терените во рамките на ски центрите во Крушево , Пониква, како и на Копанки и Нижо Поле Пелистер потребно е повеќе снег за поквалитетно скијање. Но независно од тоа центрите и угостителските објекти функцинонираат со своите содржини.

192.168.213.125_01_20180113094741970_mavrovo

192.168.178.126_01_20180113100226_popova sapka

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки