Снегот во Калифорнија оваа сезона не сака да попушти

Sierra Nevada

Најчудната сезона како што изјавуваат локалците не попушта низ Калифорнија. Ски зоните Squaw Valley, Sierra Nevada и Mammoth, изминативе денови повторно оладија и добија десетина см снег.

Еден од националните метеоролози изјави дека оваа состојба не е непозната, но е навистина ретка. После рекордните количини на снег кои паѓаа на крајот на зимата и раната пролет, оставија можност некои од центрите како Squaw Valley и Mammoth да работат дури до август.

Одговорните лица од Squaw Valley изјавуваат дека, оваа сезона скијачите ќе имаат единствена можност за првпат во историјата на празникот 4 Јули да скијаат низ ски центарот.

19060021_ Mammoth

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки