Сноуборд клубот Полар беше на жетва на натпревари во Србија

Polar_Logo-e1383735678610

Изминатиот викенд, од 18-21 март 2017, во Србија се одржаа сноуборд ФИС натпревари – Отворено првенство на Србија, во организација на сноуборд клубот АБЦ од Крагуевац и Бибис од Белград.

Учествуваа 70 натпреварувачи (мажи и жени) од Србија, БиХ,  Украина, Либан, Романија, а учество земаа и наши натпреварувачи од скопскиот сноуборд клуб Полар.

Натпреварите беа во 4 категории (Цицибани, Деца, Јуниори и Сениори) и 4 дициплини (Слоуп Стајл, Биг Ер, Велеслалом и Слалом)

Од Македонија се натпреваруваа 12 деца од клубот Полар и притоа беа освоени дури 15 медаљи од кои 5 златни медали

Први ФИС поени за Јана Наскова, Љубен Дерибан и Бојан Андонов.

  1. Јана Наскова 3то место ФИС Слоуп Стајл (Сениорска Конкуренција)
  2. Јана Наскова 1во место Слоуп Стајл – Категорија Деца (отворено првенство на Србија)
  3. Јана Наскова 2ро место Велеслалом – Категорија Деца (отворено првенство на Србија)
  4. Неда Добреска 2ро место Велеслалом – Категорија Деца (отворено првенство на Србија)
  5. Неда Добреска 2ро место Слалом – Категорија Деца (отворено првенство на Србија)
  6. Теодора Поповиќ 3то место Слалом – Категорија Деца (отворено првенство на Србија)
  7. Карло Дерибан 1место Слоуп Стајл – Категорија Цицибани (отворено првенство на Србија)
  8. Карло Дерибан 1 место Биг Ер – Категорија Цицибани (отворено првенство на Србија)
  9. Карло Дерибан 1 место Слалом – Категорија Цицибани (отворено првенство на Србија)
  10. Карло Дерибан 3то место Велеслалом – Категорија Цицибани (отворено првенство на Србија)
  11. Ведран Лауренчиќ 1во место Велеслалом – Категорија Цицибани (отворено првенство на Србија)
  12. Марко Петровски 2ро место Слалом – Категорија Цицибани (отворено првенство на Србија)
  13. Бојан Скендеровски 3то место Слалом – Категорија Деца (отворено првенство на Србија)
  14. Љубен Дерибан 2ро место Слоуп Стајл – Категорија Јуниори (отворено првенство на Србија)
  15. Љубен Дерибан 2ро место Биг Ер – Категорија Јуниори (отворено првенство на Србија)

Добри резултати постигнаа и останатите македонски натпреварувачи иако не освоија медали, Ева Башовска, Вера Лауренчиќ, Дамјан Михајловски, Адријан Бојковски и Давид Андоновски.

Водачи и тренери на македонскиот тим  Кирил Насков, Јован Арсовски и Велко Николовски, клуб Полар – Скопје.

P1011730 ski snowboard klub Polar skopje

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

P1012619 ski snowboard klub Polar skopje

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
P1012874 ski snowboard klub Polar skopje

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки