СО СРЦЕ ЗА ЗЕЛЕНО МАВРОВО

IMG_20170619_135625_kjurkov dol bistra mavrovo

Следи го настанот

Сабота , 2 декември, Мавровски регион

Ски центарот Маврово и Go Green со асистенција на НП Маврово и општина Маврово и Ростуше организира голем еко придонес.

 

Ви благодариме за вашата вклученост и испратените фотографии со отпадни места низ Маврово. По направената анализа, одлучивме акцијата за чистење да се одвива на следните локалитети:

1. Детско одморалиште Бунец – кај„Чешма“
2. Пешачката зона од Инфо центарот до Маврови Анови
3. Околината кај Стариот Камп
4. Околината кај Ски центарот и спортските терени
5. Околината кај местото “Бојков Кладенец”
6. Околината кај Црквата “Света Петка”
7. Околината кај местото “Црн Камен”
8. Околината кај Коњаничкиот ранч кај селото Галичник

За да се пријавите во акцијата треба да го пополните формуларот на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/1sn6CbZlCSggdQL9rQ8TBtET21k8TXG8UFfGJwB05H-4/edit

Сите учесници во акцијата ќе добијат соодветна опрема, храна, пијалок, и ваучер за дневна ски-карта за Ски сезоната 2018/2019. За сите учесници ќе бидат обезбедени вода и оброци, како и ваучери за еднодневна ски карта, која ќе може да се искористи во текот на Ски Сезоната 2018.

Програма за денот:
09:00 Скопје (точната локација ќе се утврди) – Поаѓање со автобус кон Маврово;
11:00 Пристигнување во Маврово, распоредување по локации, земање опрема;
12:00 – 14:00 часот – Акција за чистење на отпадните локации;
14:30 – 17:00 часот – „After work“ забава во Дискотека Ратрак (храна, пијалок, музика, забава);
17:00 – Заминување од Маврово;

Автобуски транспорт ќе биде организиран на релација Скопје – Маврово – Скопје, а дополнително може да се организира и од други градови (на пр. Гостивар, Тетово) во зависност од големината на групите.

Сите прашања и предлози се добредојдени, испратете ги на greenmavrovo@gmail.com.

24173021_2010723505809082_885110198214271791_o

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки