Соопштение на Македонската Алпинистичка Федерација до планинарската јавност

afm

НЕРЕГУЛАРНО СОБРАНИЕ НА ФПСМ

Деновиве, од страна на дел од нелегалната раководна структура на ФПСМ селективно до некои клубови е испратен допис со покана за учество на Изборно Собрание, што претставува обид за најфлагрантно кршење на статутот, а со тоа и законите во Република Македонија, а се со цел, на нетранспарентен и дефинитивно против законит начин, да се спроведе еден вид легализација на сите нечесни постапки кои во изминатиот неколку годишен период беа спроведени од страна на дел од раководството на ФПСМ.

На самиот почеток сакаме да ги потсетиме претставниците на сите планинарски спортови дека мандатот на Претседеталот на ФПСМ е истечен во Јуни 2013 година, а веќе неколку години не е свикано Собрание, согласно статутарните обврски на организацијата. Затоа, сметаме дека секоја постапка што се превзема во вакви околности сама по себе претставува кршење на актите за работа на ФПСМ и на законите во Република Македонија.

Затоа, Македонската алпинистичка федерација се обраќа до припадниците на сите планинарски спортови – планинари, алпинисти, спортски качувачи, ориентацисти, спелеолози на кои не им се познати одредени многу важни моменти од работењето на ФПСМ во минативе неколку години, за истите накратко да бидат информирани и воедно ги повикуваме, заеднички на транспарентен, статутарен и законит начин да ја креираме иднината на ФПСМ која им припаѓа на сите планинарски спортови, а не ФПСМ која е претворена во лична своина на неколкумина, кои со последниов чин, покажуваат дека веќе одамна престанале да ги почитуваат актите за работа и законите на Република Македонија….целиот текст на линкот

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки