Совети за медицинска помош во странство. Како се активира полисата за патничко осигурување

hiking-with winner insurance

Што ако ти затреба медицинска помош во странство. Како се активира полисата за патничко осигурување.

Исклучително важно е пред секое патување во странство да извадиш патничко осигурување. На тој начин ќе се заштитиш од потенцијални трошоци за користење медицински услуги, кои во странство знаат да бидат драстично големи.

Ако го имаш патничкото со себе, а ти затреба медицинска помош додека си во странство, потребно е да се придржуваш до упатствата кои доаѓаат со полисата за патничко осигурување. Во најголем дел од компаниите тие се исти или слични, а ние тука ти ги претставуваме чекорите што треба да ги преземете ако имате полиса од Винер Осигурување.

Во моментот кога имаш потреба од медицинска помош

  1. Веднаш јави се во Дежурниот Центар на асистентската компанија чиј број е наведен на полисата. Во случајот на Винер Осигурување тоа е КОРИС односно телефонскиот број +381 11 36 36 999. Од таму ќе те упатат во најблиската медицинска установа.
  2. Биди подготвен, на барање на операторот да ги дадеш основните лични податоци, твои или на оној кој има потреба од медицинска помош (име и презиме, број на полисата)
  3. Биди подготвен да оставиш телефонски број на кој би можеле да те побараат по потреба.
  4. Биди потготвен да ја опишеш настанатата ситуација и да постапиш според добиените инструкции.

По пристигнувањето кај лекар

  1. Овозможи му на лекарот увид во полисата
  2. Доколку од лекарот добиеш формулар за околностите под кои настанал осигурениот случај, задолжително пополни го.

По завршувањето на лекарскиот третман

Обезбеди ја документацијата од лекувањето која дава увид во добиените медицински услуги.

По враќањето дома – пријава на случајот

Доколку трошоците за здравствени услуги се во висина до 100 евра, се плаќаат на лице место, а истите ќе ти се надоместат по враќањето во земјата. За тоа е потребно да извршиш пријава со достава на следниве документи во Винер:

  1. Пополнет образец за пријава на штета (достапен на веб страницата и во сите филијали)
  2. Примерок од полисата
  3. Копија од пасошот, заедно со страниците на кои се гледата датумот на влез и излез од државата во која е добиен третманот
  4. Медицински извештај со јасна дијагноза и опис на пружениот третман, заедно со оригиналните сметки за пружената услуга кои гласат на твое име.

Исто така, важно е да се знае дека за целосно покритие според условите на Патничкото осигурување, важно е да ги почитувате процедурите на осигурителната компанија. Во спротивно, можно е да сносите дел од трошоците и самите, како во следниве случаи:

  1. Ако во случај на болничко лекување сами изберете болница, без да се консултирате со дежурниот центар на асистентската компанија
  2. Ако по сопствен избор ги платите трошоците на лечење и не го искористите правото за директен надомест на здравствената установа
  3. Ако ненавремено го пријавите случајот во осигурителната компанија

За да ги имате овие совети секогаш при рака, подготвивме и верзија за печатење која ќе може да ја понесете со себе каде и да патувате и која можете да ја симнете од овој линк.

 

winner-baner-300x250-2

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки