Стогово – Биг Дорук 2268м

Stogovo Biag Doruk (11)

Следи го настанот

Ајде сите на една поинаква тура на планината Стогово и нејзиниот врв-првенец Биг Дорук 2268 мнв.

Зошто е Биг Дорук поинаква тура? Затоа што планината е неистражена, нејзините ресурси чекаат да бидат искористени, патеките се најретко одени, се проаѓаат камени куолари – тука целосно сте препуштени на мајката природа, а ќе видите зошто.

ОПИС НА ТУРАТА:
– Поаѓање од паркингот пред Пошта 2 кај Железничка станица Скопје во 06:00 часот.
– Попатно застанување на автобуските кај хотел Карпош, Сити Мол и кружниот во Ѓорче.
– Почетната точка на турата е селото Гари кое се наоѓа на 1145 мнв.
– Турата е кружна, што значи појдовна и крајна точка е селото Гари.
– Се совладува висинска разлика од 1141 метар.
– Должината на патеката во двата правци е 21 км, за што се потребни 7-8 часа движење во група.
– Тежински, патеката наликува на Вакуфска патека по која се оди до Титов Врв. За оние што беа пред некое време на Титов Врв, ова ќе ви биде горе-долу иста тура.
– По кусата прошетка низ селото Гари, се влегува во прекрасна стара букова шума над левиот брег на Гарска река од каде што се доаѓа до единственото место на кое може да се наполни питка вода во текот на целата тура (изворот се наоѓа на 45 мин. оддалеченост од с.Гари).
Од излезот на шумата до врвот Биг Дорук се оди по младобранен и карпест предел каде што се забележуваат остатоци од глечери, за што сведочат циркусите на врвовите Биг Дорук, Бабин Срт и Канеш, како и трите глечерски езера.
– Сите што сакаат да пробаат високи планини со неверојатни пејзажи, Биг Дорук е одлична прилика.
– Tурата завршува во кафанчето Маргуле во с.Гари со поглед на Лазарополе и Галичник, со малку одмор и пат кон Скопје

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ:
– Цената по лице за превоз, организација и вклучен ручек изнесува 500 ден.
– Плаќање најдоцна до 17 јуни, сабота, до 15:00 часот .
Пријавување кај:
Алекс ✆ 070-382 751
Дејан ✆ 071-212 808

ПОТРЕБНА ОБЛЕКА И ОПРЕМА:
– Разгазени планинарски чевли
– Планинарски стапчиња
– Капа за сонце, наочари за сонце, крема со заштитен фактор.

ИСХРАНА :
– Секој сам си носи храна од ранец (суво овошје, сендвичи, жен-шен , електролити и сл.)
– вода 2л.

НАПОМЕНА :
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку тој не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки

Stogovo Biag Doruk (2)

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки