Tag Archives: маврово

Ски патрола доцна попладнево кон Планиница Бистра

IMG_20180105_213019_429

Доцна пристигнавме, па немавме многу време да стигнеме до планираната точка, не носевме ни челни ламби, но тоа не е страшно, ќе се вратиме пак, амбиентот беше таков ќе мора уште еднаш да го изуживаме. Снег има доволно на поволни линии за турно качување, а имаше и безбедни над 50 см снег низ доловите кои ги скијавме за назад.

повеќе »

Чувството кога некој мисли на идеалот, организацијата и взаемната помош

received_1956518ski shkola ski instruktor adrian abazi skimacedonia

Чувството кога некој мисли на идеалот, организацијата и взаемната помош. На наша голема радост од денес skimacedonia ќе биде дел од брендовите кои имаат значение и придонес за ски школата на Адриан Абази, лиценциран инструктор кој врши ски обуки во рамките на ски центарот Маврово.  Ски инструкторот Адриан Абази, покрај на социјалните мрежи, може да го контактирате на 389 77 60 00 16.  

повеќе »

Лифтовите на Бистра ќе продолжат со работа

IMG_20171224_221152_ski centar mavrov, bistra galicki lift

После викендот, од денес понеделник, ски лифтовите во Маврово ќе продолжат со работа. Ќе бидат во функција дел од лифтовите, а цената на дневна ски карта е 800 денари. Полудневна карта е 500 денари, за деца дневна 500, полудневна 400 денари, а само возење на жичарите е 300 денари. Оперативни лифтови деновиве: Жолт ски лифт Детскит ски лифт Галички 1 …

повеќе »

Во Маврово стартуваат лифтовите

mavrovo bistra_10155621472938387

Скијањето започнува предновогодишно на Бистра. Ски центарот Маврово започнува со работа, дневната карта за возрасни промотивно викендов ќе биде 800 денари, полудневна 500 денари, а за деца дневна 500, полудневна 400 денари. Во функција ќе бидат лифтовите: Жолт ски лифт Детскит ски лифт Галички 1 Галички 2 Конектор Наострете ги скиите и уживајте низ мавровската белина.

повеќе »

СО СРЦЕ ЗА ЗЕЛЕНО МАВРОВО

IMG_20170619_135625_kjurkov dol bistra mavrovo

Следи го настанот Сабота , 2 декември, Мавровски регион Ски центарот Маврово и Go Green со асистенција на НП Маврово и општина Маврово и Ростуше организира голем еко придонес.   Ви благодариме за вашата вклученост и испратените фотографии со отпадни места низ Маврово. По направената анализа, одлучивме акцијата за чистење да се одвива на следните локалитети: 1. Детско одморалиште Бунец …

повеќе »

Мавровијата кога аутдор фотографијата беше ретка

mavrovo bistra_120332000273103586

Фотографии создадени десетина години наназад , кога аутдор фотографиите беа ретки, имаа поголема вредност и им се радувавме многу повеќе. Слајдови фотографирани аналогно со Хаселблад, со употреба на филтри кои се додаваат пред објективите на апаратот. Претставуваат фантастично патување низ Маврово и падините на Бистра, бркајќи го снегот во периодот ноември – јуни. Автор на фотографија, Дарко Стојановски    

повеќе »

Мечки патролираат по Сандакташ

sandaktash mavrovo_20170324-114256-2

Живиот свет низ националниот парк Маврово почнува да се буди. Мечките веќе патролираат и во снежната зона на Бистра. Над шумскиот појас, во зоната на с.Никифорово при ски патрола кон врвот Сандакташ.

повеќе »

Искористете позитивен снежен амбиент на Маврово

received_18310598bistra mavrovo 130317

Изминативе денови, горните ски патеки се освежени со 10-15 см снег, температурите се околу нулата, а квалитетот на патеките е добар. Работат, конекторите и Галички и Белички лифт, таму има над 50 см снег. Цената на ски карта е 500 денари, искористете и уживајте во белината. Фото 13.03.2017

повеќе »

Белички и Галички лифт скијање за мерак

IMG_20170308_belicki lift mavrovo

Изминатиот викенд, околните падини и врвови околу Белички лифт се покажаа како супер забава , има повеќе од 50 см не процесиран но добро напластен снег, кој е навистина добар за скијање. Левата падина од лифот (ако гледаме од неговата крајна точка) мора да ја проверите сами и да се уверите во можностите што ги нуди, со свежиот снег од деновиве, …

повеќе »

Реализиран Алпски Куп МЕДЕНИЦА 2017

IMG_2832-2

Изминатиот викенд на падините на Бистра се оддржа првиот Алпски Куп Меденица во организација на ски клубот Меденица и Скијачка федерација на Македонија. Натпреварите се одржаа во дисциплината велеслалом за деца од 6 – 16 години. Учествуваа 86 натпреварувачи од повеќе македонски клубови. Патеката беше поставена од Никола Панчевски тренер на алпската јуниорска репрезентација на Македонија. Организаторот трката ја реализираше …

повеќе »
Оди на лентата со алатки