Tag Archives: национален парк маврово

Мавровијата кога аутдор фотографијата беше ретка

mavrovo bistra_120332000273103586

Фотографии создадени десетина години наназад , кога аутдор фотографиите беа ретки, имаа поголема вредност и им се радувавме многу повеќе. Слајдови фотографирани аналогно со Хаселблад, со употреба на филтри кои се додаваат пред објективите на апаратот. Претставуваат фантастично патување низ Маврово и падините на Бистра, бркајќи го снегот во периодот ноември – јуни. Автор на фотографија, Дарко Стојановски    

повеќе »

Мечки патролираат по Сандакташ

sandaktash mavrovo_20170324-114256-2

Живиот свет низ националниот парк Маврово почнува да се буди. Мечките веќе патролираат и во снежната зона на Бистра. Над шумскиот појас, во зоната на с.Никифорово при ски патрола кон врвот Сандакташ.

повеќе »

Маврово е достапно за сите!

15626041_ski-mavrovo

Изминатиот период, не така одамна низ социјалните мрежи се појави лажен ценовник кој секако имаше за цел да создаде лажна слика за ценовната состојбата низ мавровскиот регион, во корист на поединци кои нудат евтини туристички аранжмани низ соседството, а на сметка на туризмот низ Маврово. Оние што често се таму, можат да го потврдат спротивното, дека цените се сосема нормални. …

повеќе »

Есенско шаренило низ националниот парк Маврово

img_1557-korab-vrben-bogdevo

Прошетка низ спокојството на природата, истражување и собирање шумски плодови. Есенски пејсажи забележани од нашата камера, октомвриско шаренило од бои низ зоната на националниот парк Маврово, на потегот од селата Врбен, Богдево и корабските врвови. Димитар Попов

повеќе »

Јулски записи од Кораб

Korab, Ribnicka skala, Kabash (8)

Кораб и Корабски водопад, 11 – 12 јули 2015 Во мај се уште има снег по патеката од Рибница кон Рибничка скала, во јуни беа поројни дождови и неколку недели се откажуваа турите кон овој дел, па остана само уште овој термин кога би можеле да го посетиме најмагичниот планински предел во Македонија и да ја осетиме магијата на Корабскиот …

повеќе »

Аудио документарец за мијачкото село Лазарополе

Lazaropole-mavrovo-mijaci-gjrucin-kokale10

Аудио документарец за мијачкото село Лазарополе, сместено во Западна Македонија на падините на Бистра, дел од националниот парк Маврово. Ова прекрасно креативно аудио парче е посветено на неговата историја и природните убавини кои го опкружуваат. Документарецот содржи звуци од Лазарополе, околните врвови, шумите, црквата. А паралелно и интервјуа со автори кои имаат напишано книги за селото, неговата историја, записи на поетот …

повеќе »

Обука посветена на методот на фото–замки

np mavrovo balkanski ris 01

Националниот парк Маврово во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД) одржа работилница посветена на методот на фото – замки. Оваа работилница ја водеа претставниците на МЕД задолжени за имплементација на Програмата за закрепнување на балканскиот рис, а присуствуваа сите ренџери вработени во паркот. Работилницата започна со презентација за историјатот на методот, главните принципи и неговата применливост. Потоа, учесниците се поделија во групи …

повеќе »
Оди на лентата со алатки