Tag Archives: попова шапка

Нова лавина на Попова Шапка – движете внимателно!

lavina popova shapka dejan todevski makedon

Дејан Тодевски член на ПК Македон, вчера, 25.12.17, при тренинг на Попова Шапка имаше близок контакт со силите на природата. Дејан на својот Instagram профил напиша “Планината не секогаш има убави моменти, доказ е денешната лавина која добро што заврши со добар крај. Траеше окулу 5 до 6 секунди чуството реално језиво, само здогледав како се откорна плоча над мене …

повеќе »

Турно во зори кон Церипашина

popova sapka ceripasina ski touring

Ако сакате да фатите несекојдневна глетка, една од добрите снежни опции и ледени пејсажи е Попова Шапка. Тоа ќе ве чини околу 2-2:30 часа пешачење или туринг од ски центарот кон Церипашина, од каде се отвара хоризонтот на исток и можете да го поздравите сонцето при неговото изгревање. Денес таа привилегија да се наполнат со убавина си ја одработија неколкумина …

повеќе »

Ратраците се размрдаа на Попова Шапка

DSC_0404

Денеска ратраците пеглаа на Церипашина, низ центарот има нови 20на см снег, а кон горната станица повеќе од 70 см. Центарот се уште официјално нема објавено датум за старт на лифтовите. 📷ски центар Попова Шапка 19.12.2017

повеќе »

Голема лавина под Церипашина во зоната на амфитеатарот на средна станица

lavina popova sapka huge avalanche! video, Popova Sapka Macedonia

Викендов Владимир Јовановски едвај спаси жива глава од лавинска ситуација во големиот амфитеатар близу средната станица на двоседот кој води кон Церипашина. При скијање во амфитеатарот, Владимир иницирал мала лавина која набрзо анимираше втора многу поголема лавина со нестабилен слој на снег кој се наоѓа под првата лавина. Во контакт со него, не беше во можност да ни даде дополнителни изјави од …

повеќе »

Скијањето на Шапка се интензивира, снегот го има се повеќе

received_1621763291217955 Popova Sapka Shar planina freeride skijanje

Иако ги има малку на број, фрирајд скијачите и бордерите се веќе активни низ Шар Планина. Барем оние кои практикуваат турно скијање уште од месец октомври се насладуваат со снежните убавини на планината, но како се приближуваат зимските месеци, така и снежната граница се спушта подолу до ски центарот, па турното искачување станува попристапно и полесно. На Попова Шапка викендов …

повеќе »

Патеките на Попова Шапка едни од неколкуте со врвен ранг

PopovaSapka Ceripasina (10)

Можеби малкумина се свесни дека поседуваме ретко природно богатство сместено во северо-западниот дел на државата, богатство наречено Шар Планина. Кога пишуваме “малкумина се свесни” мислиме за скијачките патеки изградени од самата природа. Шар Планина е една од ретките високи планини кои нудат речиси готово ски патеки, неверојатно голем потенцијал, каде буквално немате потреба ни тревка да скинете за да имате …

повеќе »

Шар Планина – Canon freeride

canon freeride

Покрај илјадниците ски клипови, овој краток филм изработен по иницијатива на Милорад Саздовски, можеби е првиот краток македонски документарен филм за фрирајд скијањето овде на овие простори. Адреналинот, пејсажите, дивината, енергијата и возењата кои не се опишуваат се мотивите за овој краток филм снимен низ дивите предели на Шар Планина и живот поврзан со таа голема планина. Меѓу целата оваа …

повеќе »

ЕЛЕМ доби 90 дена забрана за градежни активности на новиот шестосед на Попова Шапка

14890612_shar planina shestosed zicnica popova sapka

Веројатно сме и рекордери во светски рамки по времето потребно да се изгради една шестосед жичница, период кој трае 2 години, а ако го вклучиме и периодот за набавки, добавки и прибавки тоа сигурно е рекорд. После повеќе од неколку децении на статус кво ситуација, каде на Попова Шапка не е ставена една чечкалица, а камо ли нешто повеќе, сведоци сме …

повеќе »

Ретро од Попова Шапка, дека фрирајдот не е од вчера

10155206903621926 popova shapka retro freeride - Copy

Супер фотографии сподели наш почитуван пријател и долгогодишен фан на скијањето Дарко Стојановски. После премиерата на La Liste | Redefining Steep Skiing, мотивиран од денешното фрирајд и турно скијање, сподели со нас навистина ретки и добри фотографии од далечната сезона 1986-87 година од Попова Шапка, Шар Планина. Како и сега така и тогаш постоеше тој фанатизам да се скија и …

повеќе »
Оди на лентата со алатки