Tag Archives: Шар Планина

Дивината на Шара викендов преку тура на Трансверзалец

26240903_shar planina plat transverzalec

Малку свежи пејсажи од задниот двор на Шар Планина. Интересни фотографии на Игор Јанковски направени изминатиов викенд при организирана тура од страна на ПД Трансверзалец, зимско искачување на врвот Плат , 2398 метри, 07.01.2018. Повеќе фотографии од турата овде фото Игор Јанковски  

повеќе »

Скијањето на Шапка се интензивира, снегот го има се повеќе

received_1621763291217955 Popova Sapka Shar planina freeride skijanje

Иако ги има малку на број, фрирајд скијачите и бордерите се веќе активни низ Шар Планина. Барем оние кои практикуваат турно скијање уште од месец октомври се насладуваат со снежните убавини на планината, но како се приближуваат зимските месеци, така и снежната граница се спушта подолу до ски центарот, па турното искачување станува попристапно и полесно. На Попова Шапка викендов …

повеќе »

После многу дожд на Шар Планина денес добар снег

received_19993580Popova Sapka - Bakardan - Titov Vrv

Деновиве интензивниот дожд само во високите зони над 2200 метри остави добар слој на снег. Сликите се од денес, Шар Планина. Снежната граница е над 2000м, а во горните делови има околу 50на см снег фото Дарко Вулович, 18.11.2017 год.

повеќе »

Шар Планина – Canon freeride

canon freeride

Покрај илјадниците ски клипови, овој краток филм изработен по иницијатива на Милорад Саздовски, можеби е првиот краток македонски документарен филм за фрирајд скијањето овде на овие простори. Адреналинот, пејсажите, дивината, енергијата и возењата кои не се опишуваат се мотивите за овој краток филм снимен низ дивите предели на Шар Планина и живот поврзан со таа голема планина. Меѓу целата оваа …

повеќе »

Регулирањето на Шара како Национален парк

nacionalen-park-Sara-promo-zapis

Регулирањето на Шара како Национален парк би го формализирало нејзиниот статус како заедничко добро. Тоа ќе иницира процес на освестување и разбирање на природниот ресурс, неговата важност, како и важноста на одржливото и хуманото управување со него. Во Македонија постојат три национални паркови : Маврово, Галичица и Пелистер, а од 60те па до сега нема ништо ново на ова поле. …

повеќе »

Зошто чепнавте во интимата на Шар Планина???

FB_IMG_1498633038072 leshnica

Јован Божиновски e претседател на ПК Љуботен и дел од неформалната група на здруженија “Пријатели на Шара” чија цел е Шар Планина да стане национален парк. Покрај појавувањето во традиционалните медиуми, дополнително ја запраша јавноста и оние кои се директно одговорни за тоа што и се случува на планината деновиве. “Пред 22 години (1995) прв пат бев на Лешница. Пред …

повеќе »

Априлски фрирајд репортажи за возрасни – Шар Планина

ljuboten freeride ski touring

Искачувањето на шарските врвови секогаш претставува предизвик, посебно во снежни услови кога пристапот со ски и сноборд опрема е многу по комплексен и е со висок ризик. Пристапувањето и искачувањата до одалечените врвови и снежни кулоари на Шар Планина во зони над 2500 метри траат и повеќе од 6 часа, но потоа на адреналинот и екстремното задоволството му нема крај. Во …

повеќе »

Презентирана мапа со планинарски патеки на Шара

Shar planina Titov vrv

Мапа со 54 планинарски патеки на Шар Планина беше претставена вчера во рамките на еднодневна трибина „Важноста на планинарските патеки за развој на руралниот еко туризам на Шар Планина“ во организација на Пријателите на Шара се одржа во Тетово. Патеките со должина од над 300 километри и досега се користени од страна на планинарите, туристите и месното население. За значењето …

повеќе »

Во скратена форма се реализираше Церипашина Вертикал

16807418_ceripasina vertikal

Во организација на клубот ТРЕКС се реализираше зимската варијанта на Церипашина Вертикал Километар, натпревар во планинско трачање. Заради временските услови, трката беше скратена до куќарката на Церипашина. Победници на трката, Александар Кирковски со време 00:42:20, втор Жикица Ивановски со време од 43 минути, трет Дејан Тодевски 00:44:42. Должината на патеката 3км,  искачена висинска разлика 720 м д+.

повеќе »
Оди на лентата со алатки