TOUR DE LAKE(S) – Охридско и Преспанско езеро

National Park Galicica 0670

Следи го настанот

2 езера на 2 август

Овој Илинден подгответе се за велосипедска тура која во еден ден ги обединува Охридското Езеро, Преспанското Езеро и Галичица.

Турата е рекреативна и е наменета на сите оние кои сакаат празникот да го поминат на велосипед покрај најголемите македонски езера и прекрасната Галичица.

Должината на турата е 150 км со почеток во Охрид кон Струга, Поградец во Албанија, Стење, Отешево, Галичица, Охрид.

Во турата може да учествува секој кој се чувствува подготвен да извози со велосипед во еден ден 150 км, кој располага со исправен велосипед и кој ќе ги почитува советите и инструкциите од страна на водичите на групата. Возењето е по асфалт и изобилува со нагорнини па се препорачува учесниците да бидат во добра физичка подготвеност и со активно возење велосипед во текот на сезоната.

За оние кои не се чувствуваат подготвени за 150 км, ќе можат да бидат дел од групата која после Поградец ќе продолжи за Св.Наум, Трпејца, Пештани и Охрид. Скратената тура е со должина од 90 км.

За минувањето на границите е потребно да се носи лична карта или пасош.

Турата почнува и завршува на плажата Горица за каде е предвидена скара и пиво ала карт, дружење и плажа по напорното возење.

Возењето за цело време на турата е во група и е задолжително да се почитува распоредот на паузите кои се неопходни заради дилжината на турата како и заради високите температури во летниот период.

За турата не се плаќа котизација и добредојден е да вози без било каков надомест секој оној кој е во можност да дојде во Охрид за 2 август.

Дополнителни информации ќе следуваат со наближувањето на датумот на настанот.

Секој ја вози турата на сопствена одговорност.

National Park Galicica_20170505

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки