Трофеј Biberon најголемо меѓународно натпреварување – прво место за АСК Скади

27744730_jana atanasovska trofeo biberon italy ask skadi

Шлагот за крај од оваа плодна жетва и натпреварувачка турнеја која траеше повеќе од месец дена.

Скопскиот клуб АСК Скади, со несмален ритам ја продолжи натпреварувачката турнеја, но паралелно со тоа продолжи да ја потврдува супер формата низ серијалот трки, каде учесниците од клубот бележат високи резултати на навистина сериозни скијачки собири и натпревари.

Такво натпреварување е и последното од изминатиов викенд, голем скијачки собир,  Трофеј Biberon кој се оддржа во Forni Di Sopra Италија, најголемо меѓународно натпреварување во Италија каде учествуваа над 800 деца. Во сериозна конкуренција и тешки трки, клубот успеа да донесе неколку подиуми и две први места и повторно македонското знаме да биде главно. Јана Атанасовска и Данило Илиев учествуваа во натпреварувања од ски крос, слалом и велеслалом дисциплини, притоа,

Јана Атанасовска ги освои првото место во ски крос и велеслалом каде постави и рекорд на патеката воедно најголем и најважен настан, а во слаломската трка го освои 7-то место.

За постигнатото најдобро време на патеката воопшто, Јана доби и посебна награда од организаторот.

Данило Илиев второ место ски крос, 20та позиција во слаломската трка ( со грешка во првата трка) и 5-та позиција во велеслаломскат трка.

Тренерот на овој млад тим, Александар Атанасовски-Чаве изјави “Технички воопшто не заостануваат зад своите конкуренти ( напротив), но недостигот на искуство и возбудата го прават своето. Ова не е изговор, само патоказ за тоа, каде треба да посветиме повеќе внимание во иднина. Овие натпревари се последните со кои завршува нашата 33 дневна турнеа од тренинзи и натпревари”

27745116_danilo iliev trofeo biberon italy ask skadi jana atanasovska
Дремка во меѓупростор од трка во трка, Словенија, Австрија, Италија, Хрватска….
27786973_danilo iliev trofeo biberon italy ask skadi jana atanasovska
27661586_danilo iliev trofeo biberon italy ask skadi jana atanasovska 27711414_danilo iliev trofeo biberon italy ask skadi jana atanasovska 27718714_danilo iliev trofeo biberon italy ask skadi 27720949_danilo iliev trofeo biberon italy ask skadi 27744185_danilo iliev trofeo biberon italy ask skadi 27744566_danilo iliev trofeo biberon italy ask skadi jana atanasovska 27744730_jana atanasovska trofeo biberon italy ask skadi 27785936_danilo iliev trofeo biberon italy ask skadi jana atanasovska 27786051_danilo iliev trofeo biberon italy ask skadi jana atanasovska 27787013_danilo iliev trofeo biberon italy ask skadi jana atanasovska 27787092_danilo iliev trofeo biberon italy ask skadi jana atanasovska 27787257_danilo iliev trofeo biberon italy ask skadi jana atanasovska

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки