Вино и телемарк рEVOлуција

Февруари месец, освен по виното и денот на вљубените, почнавме да го паметиме и по телемарк скијањето во Македонија. Оваа година како и вообичаено започнавме на падините на Бистра со теренска обука на ски центарот Заре Лазаерски.  Телемарк скијањето како интересн и елегантен начин на скијање всуштност влече корени уште од древните цивилизации во северните земји, кои скиите ги користеле за движење низ снегот.

Од 9 до 12 Февруари Телемарк Револуција по трет пат се одржа во Маврово, овој пат во соработка со Ски Дом Горица и благодарение на верната поддршка на општина Маврово-Ростуше.

image-0-02-05-2a0a2b1058677 telemark ski event mavrovo

Дваесетина вљубеници во зимските спортови од Р. Македонија, Србија, Франција и Германија,  се здобија со основни практични и теоретски искуства, според новосоздадениот едукативен метод „Телемaрк Експириенс“ на италијанската организација Telemark Snow Events. Им благодариме на нашите пријатели од Италија кои ја овозможија опремата за обука како и знаењата кои постојано ги надградуваме со нив.

Овој настан се одржа благодарение на ентузијазмот и волонтерската посветеност на дечките од Телемарк Македонија и здружението ТАКТ.

Следеше 4 дневен тренинг на Боровец со меѓународниот настан Балкан Телемарк, каде вкупно 30 тина професионални, рекреативни и почетни телемарк скијачи ги демонстрираа своите техники по падините на Јастребец и Иглика. Неколку претставници го обелeжaa настанот со искачување и скијање во телемарк стил од највисокиот Балкански врв Мусала 2925м.

  image-0-02-05-fe421d80c370cad8 telemark ski event mavrovo image-0-02-05-e700b2444b telemark ski event mavrovo image-0-02-05-c4a1a3b02a2 telemark ski event mavrovo

За Ilina Arsova

Profile photo of Ilina Arsova
Visual artist, pasionate climber, telemark skier and a big A Adventurist Participated in the Global Sports Mentoring Program hosted by US State Department, ESPNW and the University of Tennessee. In 2013 becomes the first female climber from Macedonia to summit Mount Everest. Main organizer of the Telemark ski events in Macedonia. Owner and Manager at IKAR Hut - Ohrid

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки