Vonn и Shiffrin заедно, едноставно не е фер – неверојатен “тендем”

Vonn и Shiffrin заедно, па ова едноставно не е ферски – неверојатен тендем

Lindsey Vonn Mikaela Shiffrin

Pyeongchang, Јужна Кореја

Земислете ги Carl Lewis и Bolt заедно на ист Олимписки тим или пак Mark Spitz и Michael Phelps да се натпреваруваат на исти Игри.

Женскиот состав на САД во Алпско скијање во Pyeongchang вклучува ваков неверојатен пар. Lindsey Vonn е докажано врвниот женски скијач од Алпско скијање; додека Mikaela Shiffrin победува на 22 години толку рапидно што има шанси да ја надмине својата тимска партнерка со тек на време и да постигне метеорски успех.

Ривалки во големината на своите успеси, овие две великанки стасаа на Олимпијадата до своја високо профилна меѓусебна пресметка! Но ако ги земеме нивните вештини поединечно тогаш излегува дека се надополнуваат, што ги чини тандем на деценијата.

“Навистина е реткост да го добиете талентот, менталитетот и мотивацијата се во едно тело во истовреме,” вели Tamara McKinney, првиот женски натпреварувач од САД кој освои шампионат во Алпско скијање во сезоната 1983. “Да ги имате двете најдобри натпреварувачи на сите времиња во истовреме, ова навистина се случува еднаш во животот.”

Или Shiffrin или Vonn ќе учествуваат на сите пет индивидуални натпревари во Алпско скијање. И двете можат да се натпреваруваат во Алпска комбинација, што е микс од слалом и спуст. Ова им дава шанса на САД за пет медали и тоа на секоја од нив, а ако имаат среќа и да го надминат успехот од четири медали на Vonn  во 2010 година и на неодамна пензионираната Julia Mancuso.

Сепак овој спорт кој се одвива на ледена и снежна површина е тешко да се предвиди. Едно пролизгување може да значи и крај на Олимпијадата. Но последното подигнување на формата на Vonn и ваквиот распоред кој одговара на Shiffrin ја прави оваа шанса возможна за двоен успех .

Vonn е најуспешната жена во историјата на Светскиот Куп со 81 победа во кариерата на само шест победи до надминување на шведската легенда Ingemar Stenmark со најмногу победи во Светскиот Куп на Алпско скијање.

Vonn е одлична во поопасните дисциплини со освоено злато во Vancouver 2010 во спуст и бронза во Super-G.  А овде вели дека цели на три дисциплини: спуст, Super-G и комбинацијата.

Откако ја пропушти Олимпијадата во 2014 година заради повреда, Vonn изгледа дека се враќа во форма за медал.

“Веројатно не сум се уште престара и клапната,” вели откако победи на една Супер Џи трка во Декември. Со последната двојна победа во спуст на последниот викенд тоа и тоа како го потврди. На 33 години и четврто учество на Олимпијада, Vonn може да стане најстарата жена која би освоила медал во Алпско скијање.

Иако планира настап и следната сезона од Светскиот Куп сепак ова ќе и биде последна Олимпијада.

“Сакам да завршам на висока нота,” вели Vonn жаргонски. “Навистина би сакала ова да ми биде акцентот на кариерата.”Lindsey Vonn

Shiffrin пак пред четири години стана најмладата натпреварувачка која освоила Олимписко злато во слалом со 18 години. Од тој момент наваму станува најдоминантен скијач на генерацијата со освоени три титули од Светски Куп во слалом.

 

Ќерка на поранешен професионален скијач, Shiffrin израснала со речиси религиозна подготвителна етика и вежбачка навика. Таа е прецизна до крајност во кривините. За време на една слалом трка од 50 секунди таа така умешно ги скратува делчињата од секунда на секоја капија, и ги насобира до недостижно водство.

“Од сите скијачи на Светскиот Куп таа е најизбалансиран и најконстантен скијач, маж или жена,” вели Brandon Dyksterhouse, поранешен тренер на Shiffrin. “Поради тоа е од почеток до крај на трката, најефикасна во скијањето.”

FIS (international ski federation), води евиденција за трките со најголема разлика помеѓу победникот и второ пласираниот — што во суштина го покажува гапот помеѓу елитните скијачи и сите останати. Shiffrin поседува три од најдобрите шест разлики во женскиот слалом и тоа со Бр.1: на трка во 2015 година кога ја победи второпласираната со предност од 3.07 секунди.

“Shiffrin е перфекционист,” додека “ Vonn е неверојатно храбра.” Знаат да искоментираат американските новинари.

Овој Олимписки распоред одговара на вештините на Shiffrin’и тоа: Велеслалом и слалом трките се за почеток на распоредот на женските натпревари. Па Shiffrin има можност да избие напред на самиот почеток, а потоа да скија на Super-G и можеби и на спустот ако се чуствува добро па и на Алпската комбинација.

Во Sochi во 2014, слаломот беше последна дисциплина на распоредот од Алпско скијање за жени, а Shiffrin скијаше уште на само една трка и тоа на веле слалом кајшто заврши петта.

Од тогаш го прошири репертоарот и освои пет веле слалом од почетокот на сезоната како и еден спуст —специјалитетот на Vonn со што најави опасни Игри.

Сонот на Dyksterhouse (екс тренерот) е да ги види двете како се борат за златен медал во комбинацијата, вели “Замислете како ќе изгледа на секој натпревар да одат head-to head. Ако оди се како што треба, тоа ќе биде многу забавно?”

Можеби некоја скијачка ќе застане меѓу овие две великанки.

Mikaela Shiffrin

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки