World Ski Awards™ кој ќе биде најдобриот во ски туризмот

world ski awards

World Ski Awards™ е глобална иницијатива за препознавање и наградување на најдобрите во ски туризмот. Настан кој на едно место ги собира светските лидери од оваа индустрија, место каде што се споделуваат најдобрите практики, иновации  и знаења поврзани со ски туризмот.

Гласањето за тоа кој е најдобар може да го направи секој корисник, правно или физичко лице. Гласањето започна неодамна од 2 јуни, ќе трае 16 недели, а победниците ќе бидат објавени на собирот во Кицбил, Австрија од 17-19 Ноември 2017.

Македонските ски центри и хотели не се номинирани  како дел од оваа конкуренција, но вашиот придонес кон подобар ски туризам  и потенцијална позитивна рефлексија од тоа, можете да го направите на овој линк World Ski Awards™.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки