Зошто чепнавте во интимата на Шар Планина???

FB_IMG_1498633038072 leshnica
Јован Божиновски e претседател на ПК Љуботен и дел од неформалната група на здруженија “Пријатели на Шара” чија цел е Шар Планина да стане национален парк. Покрај појавувањето во традиционалните медиуми, дополнително ја запраша јавноста и оние кои се директно одговорни за тоа што и се случува на планината деновиве.
“Пред 22 години (1995) прв пат бев на Лешница. Пред 53 години (1964) година се маркирани првите патеки од Лешница кон Горна Лешница, Кривошија и Џинибег. Пред 60 години (1957) е изграден, повторувам изграден, пат од Попова Шапка  до Лешница. Пред 63 години (1954) се организра првиот Илинденски слет на планинарите на Лешница. Пред 81 година (1936) изградена е првата Шумарска куќа на Лешница. Пред години пред тоа Лешница била почитувана од локалното население и денес уште е!
Сите горе наведени години на Лешница и го даваа уникатниот изглед.
Луѓе тоа е планина, таа враќа. Пред нас некој поминувал, ние денес сме тука, утре некој ќе оди таму. Сите ние поминуваме, ТАА останува.
Зошто чепнавте во интимата на Шар Планина???”

 

Линк https://m.facebook.com/photo.php?fbid=1605499729482206&id=100000665828421

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки