Како да ја изберете најсоодветната должина на скиите

Опрема и Совети

Генерално не постои некоја магична формула која ја одредува перфектната должина на скиите. Факторите како висината и тежината се одлична стартна точка но има и други нешта што може да се земат во предвид. Ски категоријата, типот на снег, теренот и личните преференци. Правило е да се одбере скија со висина која е меѓу вашата брада и врвот на главата. Доколку сте почетници се користат пократки скии т.е помали. Напредните скијачи и експертите можат да изберат и скии кои се малку и повисоки од нив. Зависно од стилот на скијање оние кои преферираат повеќе брзини со големи свиоци користат подолги скии, за кратки и брзи слаломски движења кратки скии, но пократките се понестабилни при спуст на големи брзини.

Доколку скијате повеќе процесирани патеки во рамките на ски центрите, ширината на скиите 80-90 мм,  ако сте љубител на фрирајдот и скијате повеќе надвор од ски центар 90 – 115мм. За нашиот регион и снежни услови, идеалната широчина на скијата под ски чизма, односно везот се движи меѓу 95-105 мм.

Висина на скијач(cm) Препорачана должина скии (cm) Скии во продажба по должина (cm)
132 115-130 130-139
137 125-140
142 130-145 140-149
147 135-150
152 135-155 150-159
158 145-165
163 150-170 160-169
168 155-175
173 160-180 170-179
178 165-185
183 170-190 180-189
188 175-195
193 180-200
Претходен написи
Кој качува најмногу според ГПС аналитиките
Следен напис
Краток историјат за ски центарот Копанки Пелистер
Мени