Владата итно да стартува со изградба на гондола

Вести

Километарски колони, полиција и фрустрирани посетители од севкупниот инфраструктурен хаос е сликата од викенд амбиентот на Попова Шапка.

Иако планината подрани со добри количини на снег, за многумина уживањето кое си го поставија како очекување, брзо се сведува на фрустрации заради огромниот сообраќаен метеж и немањето капацитет Попова Шапка да ги прими илјадниците возила кои доаѓаат секој викенд.

Просто е, секој ски центар не зависи од паркинзи, катни гаражи и аслафтиран пат, туку од нормална гондола која ќе ги превезува сите посетители на најефикасен можен начин од Тетово од центарот и назад.

Да не должиме многу, распишете тендер за изградба на нова гонодола Тетово – ски центар Попова Шапка. И нема потреба да се консултирате со никого. Гондола треба, економската инвестиција е оправдана и исплатлива.

Пет работи се бенефит од воведување на нова гондола:

  • Градот Тетово ќе добие нова туристичка содржина и подобар имиџ.
  • Центарот Попова Шапка ќе добие прилив на свежи пари на дневна основа преку угостителски и рекреативни сервиси и вон сезона.
  • Граѓаните на Тетово ќе добијат шанса да имаат пристап до чист воздух.
  • Посетителите на центарот нема потреба да паркираат возило 5 километри подалеку од центарот.
  • Центарот нема да зависи од патот дали е затрупан, исчистен од снежни навеви и слично.
Претходен написи
Највисоката планина на светот Монт Еверест стана повисока!
Следен напис
Словенецот Martin шокира со победата во Val d’Isere на првиот спуст сезонава