Нов снег на Алпите

Вести

Како што може да се види од камерите на домот Кредарица, на алпите има нов снег.

Во меѓувреме во Словенија поплавите ја парализираа државата. Предизвикани се 16 свлечишта од кои повеќето во североисточниот дел, од обилните врнежи што во текот на ноќта ја зафатија Словенија.

Пожарникарите црпеле вода од подрумите на магацините и другите објекти, ги исчистиле пропустите, ги отстраниле паднатите дрвја и поставиле вреќи со песок.

За отстранување на последиците од обилните врнежи помагаат и повеќе од 100 припадници на словенечката армија. Сообраќајот на одредени патни правци е во прекин поради излевање на водотеци.

Претходен написи
Снег во Шпанија
Следен напис
Уништена “зелената училница”на Галичица