После 48 години затвори славниот Powder магазин

Вести

Додека инсајдерите од индустријата известуваa дека А360 Media поранешна American Media Inc затвора многу од своите публикации, вклучувајќи го и долгогодишниот магазин „Powder mag“, пристигна и официјална потврда дека медиумскиот конгломерат управуван од контроверзниот Дејвид Пекер затвори. Компанијата поседуваше десетици публикации, вклучително и US Weekly, Men’s Journal и други таблоиди.

Главната уредничка на славниот магазин “Powder” Sierra Shafer изјави дека после 48 години, целата инфраструктура на магазинот е ставена на “пауза” на неопределено време. Таа ја наведе кризата со Ковид како еден вид капак на проблемите со кои се соочуваат издаваштвото и медиумите.

“Powder” не е единствена жртва периодов. И Mountain News Corporation, големата групација на веб страници за скијање On The Snow, Ski Info кои го покриваа со информации ски светот во Европа, Северна Америка и Австралија објави дека прекинува да работи неуспевајќи да ги совлада предизвиците на новото време, тековната ковид криза, падот на приходи од реклами и големиот одлив на средства кон социјалните мрежи.

Претходен написи
Кого избра ФИС за организатор на светското првенство во нордиско и алпско скијање
Следен напис
Почина Владимир Пановски претседателот на Скијачка федерација на Македонија