Француската влада даде гаранци дека ски центрите ќе работат

Вести

Француската влада ги охрабрува и тврди дека ќе им даде гаранции на оние кои резервираат скијачки одмори и ски карти а се плашат од рестриктивни ковид мерки.

Државниот секретар за туризам оваа недела разговараше за опциите со претставниците на скијачкиот центар.

„Не гледам зошто не би имале зимска сезона. Ги отворивме ноќните клубови и не гледам зошто не можевме повторно да ги отвориме лифтовите и гондолите“, рече за Франс Интер заменик министерот за туризам, Жан Лемон.

Здравствената потврда за вакцинирање секако ќе биде услов за купување ски карта и при сместување. Француската владата сака скијачките центри сами да ја спроведат политиката, наместо владата да им дава инструкции.

Швајцарија, Италија како и австриските центри имаат има слично менаџирање со ковид кризата. Рестрикции и ограничувања за движење ќе има само за оние кои не се вакцинирани и не поседуваат одредени имунолошки картони. Швајцарија неодамна наметна барање луѓето да покажуваат сертификат за ковид статус за слободно да влегуваат во барови, ресторани и други затворени простории, плус настани.

Во Италија, беше потпишан декрет, со кој се очекува скијачките центри да работат од 15 -ти октомври со капацитет од 80% исполнетост на жичари и гондоли.

Претходен написи
Забели и ски центарот Попова Шапка
Следен напис
Freeride World Tour распоред на часови 2020