Чисто, како Лешница после нас

  1. Чисто, како Лешница после нас
Чисто, како Лешница после нас септемвриСеп 27 2020 07:00 - 18:00 Europe/LjubljanaShar Planina

Popova Shapka
ПК ЈЕЛАК организира еко акција!
Летото кое штотуку измина ја вивна Долна Лешница и Кадите на Кривошиска река во несомнено најатрактивна планинарско-туристичка дестинација во Македонија, и како таква беше посетена од илјадници луѓе во релативно краток период. Таквата фреквенција и поведението на некои од посетителите донесоа ѓубре во поголема количина од вообичаеното, расфрлано низ убавините на утробата на Шар Планина.
Затоа, како вљубеници во природата, но и како тетовчани, чувствуваме обврска да преземеме иницијатива за нејзино темелно чистење! По тој повод, ОРГАНИЗИРАМЕ ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ЗА ДЕН 27.9.2020. Ги повикуваме сите планинари, планинарски и спортски друштва, вистински вљубеници во природата, ентузијасти, добронамерници, активисти, да ни се приклучат во масовната акција за чистење на целата долина Долна Лешница и потегот кон Кадите на Кривошиска река.
Во соработка со Шумската полиција и ЈП Национални шуми, обезбеден е одвоен транспорт на ѓубрето од самата Лешничка долина, па сѐ до местото на негово одлагање во Тетово.
Како организатори, освен организација и координација на еколошкиот дел и негова логистичка поддршка, обезбедуваме и организирано движење со планинарски водичи на колоната учесници од с. Бозовце до Долна Лешница, како и наменско движење кон Кадите на Кривошиска река со цел чистење и на тој потег.
ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ АКЦИЈАТА:
- Планинарско-рекреативниот дел од акцијата се состои од движење на колоната во група, од с. Бозовце па сѐ до конечните дестинации за чистење;
- Вода има доволно по патеката, затоа сосем доволно е 1 л. во ранец;
- Исхраната на акцијата е во сопствена режија од ранец; да се предвиди лесна исхрана за неколку оброци;
- Задолжително е движење во колона според насоките на водичите од клубот;
- Задолжително е следењето на препораките на организаторот во однос на еколошкиот дел, со оглед на тоа дека целата месност ќе биде поделена на секции за чистење со посебни координатори на активностите за секоја секција;
ПРЕПОРАКИ:
- носење на лесни планинарски чизми/обувки со тврд ѓон;
- планинарски стапчиња не се неопходни за поискусни планинари;
- поради актуелното годишно време - есен, се препорачува слоевита облека од неколку лесни слоеви;
- задолжително е носење на кабаница или тенка јакна за заштита од дожд.
ПРОГРАМА:
- 07:00 - тргнување со организиран превоз од Тетово од пред Домот на културата „Иљо Антески-Смок“;
- 08:00 - тргнување на колоната од с. Бозовце пеш кон Лешница;
- 10:30 - пристигнување на учесниците на Долна Лешница и одмор од 30 минути;
- 11:00 - почеток на активностите за чистење на Долна Лешница и Кривошиските Кади, следејќи ги насоките и препораките на организаторот;
- 14:00 - завршување на акцијата за чистење и одмор од 30 минути;
- 14:30 - организирано тргнување кон с. Бозовце;
- 17:00 - тргнување на превозот кон Тетово.
НАПОМЕНА:
- Потребно е секој учесник да биде во добра психо-физичка кондиција;
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите;
- Движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите;
- Чистењето се одвива организирано и координирано, следејќи прецизни упатства и насоки од организаторот;
- Организираниот превоз ги носи учесниците од Тетово до с. Бозовце и назад;
- Оние кои имаат желба да дојдат со сопствени возила, да ги почитуваат дадените временски термини на поаѓање на колоната од с. Бозовце и на почетокот на еколошката акција на Долна Лешница;
- Истото важи и за оние кои имаат намера да дојдат со сопствени теренски возила до самата Долна Лешница;
- Пријавувањето е најдоцна до четврток - 24.9.2020 на пладне, како би можеле попрецизно да го организираме превозот!
ВАЖНО:
Акцијата ја организираме согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19. Задолжително е правилно носење на заштитна маска во организираниот превоз, како и избегнување на блиски контакти помеѓу учесниците за време на акцијата. Да бидеме одговорни и да го заштитиме личното и јавното здравје!
Пријавување со порака во инбокс или на телефонските броеви:
078/225-034 Александар/Цули
070/523-400 Владо/Трпе
Event start in Event end in Event expired
  • 0

    days

  • 0

    hours

  • 0

    minutes

  • 0

    seconds

Import to Google Calendar

Location

Shar Planina

Directions

Could not find route!

  • Распоред
  • Guests
  • Attendance
  • Forecast
  • Коментари

Weather data is currently not available for this location

Weather Report

Today stec_replace_today_date

stec_replace_today_icon_div

stec_replace_current_summary_text

stec_replace_current_temp °stec_replace_current_temp_units

Wind stec_replace_current_wind stec_replace_current_wind_units stec_replace_current_wind_direction

Humidity stec_replace_current_humidity %

Feels like stec_replace_current_feels_like °stec_replace_current_temp_units

Forecast

Date

Weather

Temp

stec_replace_date

stec_replace_icon_div

stec_replace_min / stec_replace_max °stec_replace_temp_units

stec_replace_5days

Next 24 Hours

Powered by Forecast.io

Мени