HALK VELO GREEN ХРОНОМЕТАР ВЕЛОСИПЕДСКАТА ТРКА

  1. HALK VELO GREEN ХРОНОМЕТАР ВЕЛОСИПЕДСКАТА ТРКА
HALK VELO GREEN ХРОНОМЕТАР ВЕЛОСИПЕДСКАТА ТРКА септемвриСеп 08 2021 08:00 - 14:00 Europe/LjubljanaMavrovo

Mavrovo

На 8 Септември во Маврово оваа година ќе се одржи второто издание на хронометар велосипедска трка HALK VELO GREEN. Ќе се вози патека во должина од 22 километри, во категории, ПРО и ХОБИ. Оваа година воведуваме и категорија за деца од 6 до 12 години (ќе возат 12 километри, до Никифорово и назад), и категорија деца од 13 до 17 години кои ќе ја возат истата дожина како ПРО и ХОБИ од 22 километри.

Halk Velo Green која веќе прераснува во традиција е во знакот на тенденцијата на Халкбанк да промовира здрави животни навики кај населението и да придонесува кон зачувување на животната средина, за што сведочи и апликацијата HalkEco  (www.halkeco.mk) која го охрабрува секој корисник да биде физички поактивен, еко свесен и да ја мотивира заедницата со своите секојдневни здрави навики, со крајна цел придонесување кон засадување на нови зелени површини на локации во земјата каде што истото е неопходно.

Халкбанк АД Скопје се надева дека сите оние кои ќе земат учество во настанот покрај спортскиот дух и можноста за победа и освојување на вредна награда, ќе бидат водени и од крајната цел – придонес во зголемување на зеленилото во земјата преку пошумување.
Собраните средства од ланската хронометар велосипедска трка, во која беа пријавени над 300 велосипедисти кои уживаа во возењето и во прекрасната природа што ја има Маврово, беа искористени за набавка на 8000 дрвја со кои е извршено пошумување во Свети Николе.

Категоријата ПРО ги опфаќа сите оние кои се членови на клубови во Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ), но во неа можат да возат и сите оние кои се чувствуваат подготвени да се натпреваруваат со овие велосипедисти. Категоријата ХОБИ е наменета за сите велосипедисти кои рекреативно се занимаваат со овој спорт. Натпреварување на членовите на Велосипедска федерација во оваа категорија нема да биде дозволено. Доколку се случи некој да не го почитува ова правило, ќе биде направена проверка во ВФМ и ќе биде префрлен во ПРО категорија.

Во ПРО Кидс, во машка и женска конкуренција, ќе се натпреваруваат деца од 6 до 12 години и млади од 13 до 17 години.

СТАРТ НА ТРКИТЕ
Стартот на трката ќе биде хронометар, што значи дека на одреден временски интервал ќе стартува по еден велосипедист.

Во 09.30 часот ќе стартуваат учесниците во категоријата ПРО (на секои 15 секунди по еден учесник), се вози 22 километри
Во 10.30 часот ќе стартуваат учесниците во категоријата ПРО Кидс од 6 до 12 години (на секои 10 секунди по еден учесник), се вози 12 километри
Во 11.30 часот ќе стартуваат учесниците во категоријата ПРО Кидс од 13 до 17 години (на секои 15 секунди по еден учесник), се вози 22 километри
Во 12.30 часот ќе стартуваат учесниците во категоријата ХОБИ (на секои 5 секунди по еден учесник), се вози 22 километри

Секој ќе стартува според редолседот на броевите кои ќе ги добијат при процесот на пријавување и времињата на старт ќе бидат објавени во стартната листа.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето ќе се одвива преку www.smartrace.club и ќе трае до 31 август 2021. Бројот на учесници е ограничен, и доколку предвидениот број на учесници се пополни и пред предвидениот рок, пријавувањето ќе биде затворено и пред наведениот датум.

КОТИЗАЦИЈА
Котизацијата изнесува:
800 денари - за пријави од 1 до 31 јули
1000 денари - за пријави од 1 до 15 август
1200 денари - за пријави од 16 до 31 август
Сите уплатени котизации ќе се искористат за пошумување на одредени површини во земјава каде што ќе биде утврдено дека има потреба од истото.

СТАРТЕН ПАКЕТ
Секој учесник во трката ќе добие:
• Стартен број со чип
• Медал за завршена трка
• Освежување
• Онлајн диплома
• Бесплатни фотографии од трката (Pic2Go)
• Подарок од пријателите на трката
• Осигурување од несреќен случај за времетраење на трката
Напомена: Организаторот го задржува правото на измена на содржината на стартниот пакет без претходна најава.

ПОДИГАЊЕ НА СТАРТНИ БРОЕВИ
Стартните броеви ќе се подигаат од 3 до 6 септември, од 10 до 19 часот во продавницата ProBike (www.probike.mk) во Скопје. Стартниот број мора да биде поставен напред на вашиот велосипед. Доколку бројот го поставите на вашиот грб чипот нема да го регистрира вашето време.

НАГРАДИ
Во категорија ПРО мажи/жени:
1 место - 30.000 денари
2 место - 20.000 денари
3 место - 10.000 денари
Во категорија ХОБИ мажи/жени:
1 место - 12.000 денари
2 место - 6.000 денари
3 место - 3.000 денари
Во категорија ПРО кидс од 6 до 12 години:
1 место -3.000 денари
2 место - 2.000 денари
3 место - 1.000 денари
Во категорија ПРО кидс од 13 до 17 години:
1 место - 3.000 денари
2 место - 2.000 денари
3 место - 1.000 денари
Паричните награди во категоријата ПРО и ХОБИ ќе се исплатат на сметка на добитникот во Халкбанка и секој ќе добие гратис дебитна картичка од MasterCard.
Паричните награди во категориите ПРО кидс ќе бидат исплатени на детска штедна книшка во Халкбанка.

Во категоријата ХОБИ ќе има награди за мажи и жени и во следните возрасни категории:
- од 40 до 49 години
- од 50 до 59 години
- 60 години плус
Првите 3 места во секоја возрасна категорија ќе бидат наградени со диплома и подароци од спонзорите.

ОПИС НА ПАТЕКАТА
Стартот на трката ќе биде на големиот паркинг пред спортската сала, а на истото место ќе биде и целта. Се вози до пред Хотелот Радика каде се врти полукружно и потоа се враќаме назад по истата патека (кликни тука за да го видиш видеото). Мерењето ќе биде со помош на чипови, и ќе има поставено контролни точки на старт/цел и на вртењето пред Хотелот Радика. Патеката е долга 22км за категориите ПРО, ХОБИ и ПРО кидс од 13 до 17 години, додека за категоријата ПРО кидс од 6 до 12 години е 12км. На неколку места на патеката ќе има судии кои ќе се грижат за регуларноста на трката.

Import to Google Calendar

Location

Mavrovo

Directions

Could not find route!

  • Schedule
  • Guests
  • Attendance
  • Forecast
  • Коментари

Weather data is currently not available for this location

Weather Report

Today stec_replace_today_date

stec_replace_today_icon_div

stec_replace_current_summary_text

stec_replace_current_temp °stec_replace_current_temp_units

Wind stec_replace_current_wind stec_replace_current_wind_units stec_replace_current_wind_direction

Humidity stec_replace_current_humidity %

Feels like stec_replace_current_feels_like °stec_replace_current_temp_units

Forecast

Date

Weather

Temp

stec_replace_5days

Next 24 Hours

Powered by openweathermap.org