when in krusevo

  1. stec_event
  2. when in krusevo

when in krusevo

августАвг 01 2020 00:00 - августАвг 10 2020 00:00 Europe/Ljubljana

Krusevo

Агенда и детали

When in Krusevo 2020, по четврт пат, ќе се одржи од 01. – 10. Август насекаде низ Крушево и неговата околина. При тоа, во предвид ќе бидат земени сите безбедносни мерки и протоколи издадени и препорачани од релевантните институции.

Како да учествувате?

  1. Се регистрирате на When in Krusevo 2020
  2. Резервирате сместување според ваша желба кај некои од нашите добри домаќини и поддржувачи на настанот – контактите дополнително ќе бидат објавени.
  3. Доаѓате во Крушево и користејќи ги поволностите што ги нуди When in Krusevo за своите учесници избирате авантура по Ваша мерка, креирате ваш предизвик, спортувате или едноставно се релаксирате (на Крушевското езеро, на Мечкин Камен, на манастирот Преображение, на манастирот Св. Спас, на терасата на Панорама или Монтана, во локалните таверни, етно ресторани… или на било кое место каде што вие посакувате.

Кои се поволностите и активностите што ги нудиме?

  1. Параглајдинг. Уникатно адреналинско искуство на покривот на Крушево! Имате можност да уживате во неверојатниот поглед на крушевската околина и Пелагонија.

Со картата за учество во When in Krusevo добивате 50% попуст за ова неверојатно искуство.

                2. Јавање со коњи. Единствена можност да го искусите ова кумитско искуство низ крушевските шуми и полиња. Уживајте во природата, пејзажите и чистиот воздух.

Со картата за учество во When in Krusevo добивате 30% попуст за ова неверојатно искуство.

               3.Планински велосипедизам (MTB). Согласно препораките за безбедност, со цел да избегнеме групирање на повеќе луѓе, оваа година тимот на When in Krusevo ви обезбедува едноставна и прецизна навигација на големата и малата велосипедска тура. Искористете го вашиот престој во Крушево за незаборавно планинско возење по ваша мерка ☺

(се посетува: Крушевска корија, манастирот Преображение, Мусица 1788 мнв, Слива, Станич)

(се посетува: Крушевска корија, Слива)

               4. Планинарење. Изберете ја вашата омилена планинарска тура, прецизно виртуелно обележана преку подолу наведените линкови. Запознајте ја крушевската природа и наполнете ги градите со чист планински воздух:

(се посетува: Мусица 1788 мнв, Слива, манастирот Преображение)

(се посетува: Крушевската корија, Слива, Крушевско езеро)

    • Рекреативна пешачка тура: во и околу Крушево, според ваша желба, волја и кондиција ☺

               5. Виртуелна трка во трчање. За љубителите на трчањето, во рамки на When in Krusevo 2020 организираме виртуелна трка во два сегмента:

    • Најбрз на 5km
    • Најмногу истрчани km

6.  Искачување на вештачка карпа – болдеринг, за прв пат во Крушево и за прв пат на нашиот фестивал, часови за болдеринг за деца и за почетници со професионален инструктор. Цената во склоп на фестивалот е само 250 ден од час, и важи само доколку ја имате генералната карта за When in Krusevo 2020.

Награди: за трите најдобри резултати, поединечно во планирање, планински велосипедизам, најбрзо трчање на 5km и најмногу истрчани километри, учесниците ќе добијат уникатен медал за прво, второ и трето освоено место со логото нa When in Krusevo. 

Напомена:

  • Основни правила за учество на виртуелната трка:
    • натпреварувачите потребно е да бидат учесници на When in Krusevo,
    • времињата и километрите се земаат во предвид само од 01. – 10.08.2020 на територија на Крушево;
  • трчањето, велосипедските и планинарските тури се одвиваат во сопствена режија и на сопствен ризик, без групирање согласно објавените рути.
  • Почитувањето на превентивните заштитни мерки од Covid-19, пропишани од релевантните институции, е задолжително за секој учесник.
  • 0

    days

  • 0

    hours

  • 0

    minutes

  • 0

    seconds

Event expired

Event is in progress

Import to Google Calendar

Location

Krusevo

Directions

Could not find route!

Location Details

Krusevo

  • Распоред

  • Guests

  • Attendance

  • Shop

  • Forecast

  • Коментари

Product

Name

Quantity

Price

Action

Weather data is currently not available for this location

Weather Report

Today stec_replace_today_date

stec_replace_today_icon_div

stec_replace_current_summary_text

stec_replace_current_temp °stec_replace_current_temp_units

Wind stec_replace_current_wind stec_replace_current_wind_units stec_replace_current_wind_direction

Humidity stec_replace_current_humidity %

Feels like stec_replace_current_feels_like °stec_replace_current_temp_units

Forecast

Date

Weather

Temp

stec_replace_date

stec_replace_icon_div

stec_replace_min / stec_replace_max °stec_replace_temp_units

stec_replace_5days

Next 24 Hours

Powered by Forecast.io

Мени