Val Thorens за фрирајд Courchevel за милионерски провод

Дестинации

Термини на поѓање: Петок 26 јануари 2024, враќање, пристигнување во Скопје 4 февруари 2024 година

Val Thorens е дестинација “Со еден удар три центри, и тоа кој од кој”. Една од највисоките ски населби во Европа, дел од Три Долини (Les Trois Vallées) каде влегуваат и елитното прибежиште со луксузниот Courchevel и Méribel, кои заедно ја сочинуваат една од најголемите ски зони во светот со над 600 километри ски патеки (ќе се изгубите). Ски патеки кои се протегаат на висина од 1100 до 3250 метри.

Сместена во огромна природен цирк, создаден од 6 глечери, Val Thorens нуди голем број патеки во сите правци каде што ќе посакате да го бркате сонцето во текот на целиот ден. Val Thorens е познат по квалитетот на снегот и фрирајд скијањето. Центарот нуди секаков тип на скијање, бордер крос, фрирајд , снежни парк зони, понуда која ги задоволува сите сетила. Повеќе од 90% од ски областа се наоѓа над 2.000 метри, центарот нуди одлични услови за да може да уживате во турбо брзина.

Сместувањето е во рамките на самата ски зона, лифтовите се пред врата. Населба која овозможува да уживате во исклучителни погледи, особено грандиозниот спектакуларен поглед на легендарниот Glacier de Péclet или Cîme Caron гондолата која носи на 3200 метри до “најубавиот поглед во Алпите”, според Зелениот водич на Мишелин: 360 ° панорамски поглед на повеќе од 100 алпски врвови (француски, швајцарски и италијански).

Повеќето патеки се свртени кон север и северозапад, обезбедувајќи добри услови на снегот. Падините не се толку сончеви, така што одморалиштето има тенденција да привлече поголема заинтересираност за скијање отколку “дремење на сонце”. Сепак, населбата е свртена на југ, па многу луѓе уживаат да седат надвор на сонце кога завршуваат со скијање.

Val Thorens е домаќин на бројни светски натпревари од висок ранг и е најпосетуваното меѓународно скијачко одморалиште во Франција. Над 70% од посетителите се странци, доминираат британските, скандинавските, белгиските, холандските и германските туристи и замислете пар автобуси Македонци.

Детали за турата: Апартманите и студијата во понудата се наоѓаат во различни резиденции/згради по должината на целата населба. Се разликуваат по површина и опременост, секој апартман е со различен мебел, опременост, квадратура и содржина.  Под терминот Кабина се подразбира влезен хол или мала просторија со или без завеса. Сместувањето на гостите во студиата/апартманите е во рамките на локалната агенција. Агенцијата не може да влијае на локација, катност, поглед за истите, повеќе од наведеното и одбраното во агенција. Студиата и апартманите се непушачки.

Патувањето е со високо комфорен автобус директно од Скопје. Во цената е вклучено, 7 дена сместување во студио во Val Thorens, 6 дневен ски карта за патеките на Val Thorens/Orelle (150 км стази), а се доплаќа 40 евра за ски пас Les Trois Vallées во кои влегуваат сите центри и лифтови вклучувајќи ги, Courchevel и Méribel. За време на целиот престој обезбедени ски водичи, асистенти кои ќе ви го направат патувањето далеку поспокојно.

VAL THORENS – LES 3 VALLES  од 619€

FIRST MINUTE ЦЕНА: За уплата до 30-ти Септември 2022

 Број накревети  
Тип на сместување  65432
СТУДИО-КАБИНА      “REINE BLANCHE” 112,                      4 лица  649699825
СТУДИО-КАБИНА      “REINE BLANCHE”58,                         4 лица  659709829
СТУДИО-КАБИНА      “REINE BLANCHE”9,                           4 лица  649699825
СТУДИО-КАБИНА      “REINE BLANCHE”23,                         4 лица  669729859
СТУДИО-КАБИНА      “REINE BLANCHE”52,                         4 лица  669729859
СТУДИО-КАБИНА      “REINE BLANCHE”86,                         4 лица  669729859
СТУДИО, “SCHUSS GROUP” 209,                                           4 лица  619659749
СТУДИО-КАБИНА  “LAUZIERES” 111,                                   4 лица  649699825
СТУДИО-КАБИНА  “JOKER GROUP” 14,                               4 лица  629679779
АПАРТМАН, “SCHUSS GROUP” 12, 2 Соби                          6 лица629659699  
АПАРТМАН, “BEAU SOLEIL” 7, 3 Соби                                 6 лица669709769  
ДУПЛЕКС АПАРТМАН, “REINE BLANCHE”115, 3 Соби      6 лица699759829  
ДОПЛАТА ЗА 3 ДОЛИНИ SKI PASS (600 км) : 45 евра
*Цените се дадени за пакет аранжман во евра по лице. Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мкд

Доколку сте од оние индивидуалци шетачи кои сакаат повеќе да истражуваат, како што наведовме погоре, на располагање се меѓусебно поврзаните центри Courchevel и Méribel кои практично на скија ќе може да ги извртите во тој регион. Да шетате, купувате и ручате каде што ужива светската елита и каде на располагање се најпознатите светски брендови. Попатно во близина на Val Thorens е и живописното амбиентално село Saint Martin de Belleville каде би можеле од прва рака да го искусите локалниот живот на французите. Да пробате локално сирење, вино и деликатеси.

повеќе детали прилог или Нехар Травел моб: +389 71 380 724, тел: 02 31 31 045

Претходен написи
Традиционално искачување Голем Кораб 2764м
Следен напис
Ljuboten skyrace 2023