Odermatt со сите сили до историски рекорд на последна трка од сезоната

Вести

Marco Odermatt ја потенцираше својата доминација во машкиот скијачки спорт во саботата кога го сруши рекордот за најмногу поени во една сезона на Светскиот Куп. Популарниот ODI со својот настап во стилот “FULL RISK – FULL ATTACK” заврши со златниот Red Bull шлем на неговата глава после трката во велеслалом, швајцарскиот АС , очигледно беше воодушевен и самиот од својот настап кој следеше само неколку дена по победата во SuperG и дојде до 13та победа во сезоната.

Во трка за својата 7ма титула во велеслалом на финалето на Светскиот Куп заврши пред норвежанецот Henrik Kristoffersen со неверојатни две секунди предност и тоа во една тешка ситуација на патеката, по што неговото скијање изгледаше неверојатно лесно за да заврши со доминантна предност пред опонентите.

Kristoffersen му се поклони во знак на почит, а Odermatt се одјави во 2023 со спектакуларна победа и дојде до вкупен број на 2,042 поени. Kristoffersen и Marco Schwarz се задоволија со учество на подиумот.

Odermatt со оваа победа го надмина Hermann Maier од сезоната 1999-2000.

Прашан како постига таква брзина само неколку дена по освојување на Super-G, Odermatt одговори: “Немам идеја. Бев преморен од журкањето во четвртокот. Денеска не беше лесно, бев нервозен заради тие 2.000 поени и бркав подиум. Незнам што да кажам.”

На прашањето колку на 25 годишниот шампион му значи рушењето на рекордот на Maier, Odermatt изјави: “Навистина многу ми значи. Многу сум среќен дека успеа, иако првично не кажав така.

А на дополнителеното прашање дали ќе има уште забава во сабота се насмеа: “ќе видиме колку енергија има останато за забава. Навистина незнам, сега сум навистина исрцпен.”

Минатата недела, Maier напиша на неговата страна дека се надева дека Odermatt ќе го престигне: “во моите очи Marco се уште нема стигнато до неговиот зенит и се уште може да напредува особено во спуст.” Инаку севкупен рекорд во сите дисциплини за мажи и жени во една сезаона држи словенката Тина Мазе, со вкупно 2,414 поени кога ја освои титулата во генерален пласман во 2013г.

“Sorry, Hermann,” изусти Odermatt во интервјуто после трката на Austrian TV, и додаде дека рекордот многу му значи, а како бонус дојде и до уште едно врвно достигнување со својата 13та победа во сезоната со што сега е запишан како еден од најдобрите скијачи во една сезона заедно со Maier, Ingemar Stenmark и Marcel Hirscher.

Odermatt пак веќе успешно ја одбрани својата титула во генерален пласман покрај трофејот во super-G и дисциплината веле слалом.

Претходен написи
ПСК Бистра Гостивар организира четири планинарски искачувања
Следен напис
Одличен настап и конкурентни перформанси на нашите натпреварувачи на Freeride World Tour Qualifier