Пониква

Пониква

Пониква

Пониква е мал туристички центар и викенд-населба во источна Македонија, 20 км северно од Кочани, на Осоговските Планини, чиј највисок врв е Руен (2.252 м).

Ponikva
Orientation map

Се наоѓа на надморска висина од 1.560 метри, во предел со густа букова шума и разновидна вегетација.Пониква зазема особено важно место во развојот на туризмот и во општиот развој на Осоговијата.

Стаза 3

Ски центарот опфаќа три ски-лифта, викенд-куќи, терени за спорт и рекреација, хотели, одморалишта, угостителски објекти, сервис и услуги за скијачка опрема. На Пониква, покрај викенд-населбата и неколкуте мотели, има и детско одморалиште со капацитет од 220 легла. Природните убавини, еколошки чистиот амбиент и поволната клима се одлични предуслови за големата посетеност на туристите. Покрај Пониква, на Осоговијата има и други извонредни локации за изградба на патеки за скијање со поголема должина, како што се терените под Царев Врв (Султан Тепе – 2.076 m).

Настани

Настани

Нема закажани официјални настани

Природни убавини

Природни убавини

Како посебна туристичка атракција, за љубителите на ловот, во непосредна близина на спортско-рекреативниот центар Пониква се наоѓа и резерват за дивеч.

Пониква

Комерцијалното ловиште-резерват им нуди на посетителите можност за лов на дивеч, како и сместување. Како природна целина што се протега во две држави, осоговскиот планински масив зафаќа вкупна површина од 1.535 км2, по својата површина е втора планина во Република Македонија, по планинскиот масив Јакупица (Мокра Планина). Највисок врв e Руен (2.252 м), а покрај него има уште неколку над 2.000 м.

Техничка опременост

Техничка опременост

Poniikva_teh

Ски-центарот Пониква е мал, но добро опремен центар, кој располага со три ски-лифта, од кои два се во активна функција: Патеката 1 е наменета за почетници и за деца и е во групата на кратко лесни патеки. Должината на патеката е 300 метри и целата патека е осветлена со рефлектори, секогаш подготвена за ноќно скијање. Капацитетот на лифтот е 500 скијачи на час.

Патека 2 не е оперативна.Патека 3 е наменета за понапредни скијачи и се вбројува во групата на средно тешки патеки. Таа е долга 700 метри, а првите 200 метри се со поголем наклон. Капацитетот на лифтот тип сидро е околу 1.500 скијачи на час. Целата патека е опремена со рефлектори за ноќно скијање и со топови за вештачки снег. На патеката секоја година се одржува познатиот Осоговски слалом. – Две ратрак-машини за снег, од кои едната е нова Пистен Були (Pisten Bully 2013), моторни санки – 6 топа за вештачки снег – Вештачка акумулација како поддршка при обезбедување вода за снег – Сноуборд-парк

Сместување

Сместување

Мотел-ресторан Осоговски Конак

Во самиот центар на туристичкиот центар Пониква ќе го пронајдете новоотворениот мотел-ресторан “Осоговски Конак”. Сместен во реновирана и адаптирана зграда на армијата, го доловува духот на Осоговијата. Автентичниот македонски амбиент ќе ви овозможи да поминете незаборавни моменти исполнети со прекрасниот македонски мелос и со македонската трпеза, богата со дивеч, разновидни специјалитети од осоговското поднебје. Мотелот е сместен во реставрирана воена касарна, но тоа е со капацитет од 60 легла во 5 соби, 5 студија и 5 апартмани. Има сала за состаноци за 60 лица.

Контакт инфо 078 567 123 

Мотел – ресторанот „Мице“

се наоѓа во срцето на Осоговските планини, на 1505 м надморска височина. На околу дваесеттина километри северно од Кочани, во срцето на туристичкиот центар „Пониква“, повеќе од десеттина години мотелот нуди сместување на своите гости. Мотелот се наоѓа на 300метри од асфалтниот пат. Располага со 30 легла. Ресторанот е за 90 лица и нуди богато мени.

Контакт инфо 070 610 894 

Одморалиште МВР

Одморалиштето освен за вработените во МВР е од отворен тип за сите граѓани. Располага со терени за кошарка, одбојка, ракомет, пинг-понг и шаховска сала. Објектот има 80 легла, сала за семинар и ВИП сала за 30 лица.

Контакт инфо 033-800-188 / 071-368-820

Вилата Осоговска Куќа

се наоѓа 1250 метри надморска височина, 12 км одалечена од Кочани и 8 километри од туристичкио центар Пониква, на само 200 метри од главниот пат кој води кон Пониква и е сместена во густа букова и аришова шума изолирана од градската бука. Вилата Осоговска Куќа има капацитет да прими 8-10 особи и располага со три спални, тоалет, купатило, апартман со посебно купатило и тоалет, голема дневна со камин, трпезарија, комплетно опремена кујна, фурна, скара, вршник, веранда и дворно место од 2000 метри квадратни. Околината на Вилата Осоговска Куќа изобилува со пешачки патеки покрај кој посетителите можат лесно да наберат чаеви, шумски плодови (малини, капини, шумски јагоди…) или едноставно да уживаат во недопрените убавини на Осоговските Планини. Храната во Вилата Осоговска Куќа можете сами да ја подготвите или по ваша желба да биде припремена од наша страна.

Контакт инфо 075-304-341 / 075-304-346

 

 

 

 

           

funpage

Еден коментар

  1. Ima li sneg na ponikva sakam da dojdam vikendov dali moze da se skija?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки